НАТО е единствени во солидарноста во однос на бруталната агресивна војна на европскиот континент и во критично време за безбедноста ја потврдува трајната трансатлантска врска меѓу нашите нации, останувајќи единствен, суштински и неопходен трансатлантски форум за консултација, координација и дејствување за сите прашања поврзани со индивидуална и колективна безбедност на земјите членки, се наведува во завршната декларација од Самитот на Алијансата што изминативе три дена се одржува во Вашингтон.
Формиран да го зачува мирот, НАТО останува најсилниот сојуз во историјата. НАТО е одбранбена алијанса. Нашата посветеност да се браниме еден со друг и секоја педа од територијата на сојузниците во секое време, како што е предвидено во член 5 од Вашингтонскиот договор, останува непоколеблива. Ќе продолжиме да ја обезбедуваме нашата колективна одбрана од сите закани и од сите правци, за да ги исполниме трите основни задачи на НАТО за одвраќање и одбрана, спречување и управување со кризи и кооперативна безбедност. Заедно сме поврзани со заеднички вредности: индивидуална слобода, човекови права, демократија и владеење на правото. Ние се придржуваме до меѓународното право и до целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и сме посветени на одржување на меѓународниот поредок заснован на правила, се наведува во документот. Линк