НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Северна Македонија не поддржа помош за „Украина до победа“

0
By Zoran Ivanov on July 12, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскатра новинска агенција ДПА објави дека Македонија и седум други земји – Албанија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Турција, Црна Гора и Грција – не го поддржаа т.н. „Украински договор“ за поддршка на Киев, кој беше објавен во рамките на самитот на НАТО во Вашингтон.

Пактот вклучува пакет иницијативи, како и посветеност да ѝ се помогне на Украина додека не победи против руската агресија, а беше поддржан од лидерите на Велика Британија, Германија, САД, Франција, Јапонија и 17 други земји.

Во моментов не е јасно на што се должи македонската позиција, иако новата влада и новата претседателка црвсто застанаа на проукраинска позиција во војната што ја започна Русија.

Денеска го објавуваме склучувањето на Украинскиот договор за координирање и забрзување на нашите колективни напори за справување со сеопфатните безбедносни потреби на Украина, како што е наведено во заедничката декларација на Самитот на НАТО и договорите и аранжманите во областа на безбедноста, кои секој од потписничките на договорот склучи со Украина, се наведува во документот.

Потписниците на договорот изјавуваат трајна намера и посветеност да се осигураат дека Украина може успешно да ја брани својата слобода, независност, суверенитет и територијален интегритет денес и да ги одвраќа актите на агресија во иднина.

Се предвидува забрзување на напорите за изградба на идните украински сили, континуирана поддршка за Украина – воена и економска, обука и други.

Во исто време, унгарската влада ги обвини своите партнери во НАТО за двојни стандарди и неуспех да се справи со војната на Русија против Украина, што предизвика возбуда на крајот од самитот на НАТО во Вашингтон, јави ДПА.

По завршувањето на самитот, учесниците рекоа дека Унгарија била изолирана за време на дискусијата. Неколку земји, исто така, јасно го изразија своето несогласување со изјавите на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, забележува ДПА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.