Aмериканскиот претседател Барак Обама синоќа стави потпис врз буџетските кратења од 85 милијарди долари во владините трошоци, после непостигнувањето на договор со конгресните Републиканци да се спречат автоматски редуцирања со кои би се ограничил економскиот раст и воената спремност.
Овие кратења, според неговите зборови ќе ја погодат економијата, но стави до знаење дека земјата ќе го преброди и тоа. “Нема да настане апокалипса, као што некои луѓе велат. Ова е глупост и ќе боли, ќе има последици”, изјави Обама, јавува Си-Ен-Ен.