Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции за молитвата во Парламентот

0
By Zoran Ivanov on July 12, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 12, 2024 20:11

Откако претседателот на Собранието, Африм Гаши на својот официјален Фејсбук профил објави фотографија на која се гледа како тој и претставници на невладини организации, Мерсиха Смаиловиќ, Сеад Џигал, Сафет Бишевац се молат во Собранието на седницата на која беше одбележан 11 јули, Денот на сеќавање на жртвите од Сребреница, следуваа низа партиски реакции во кои се нагласува дека Северна Македонија е секуларна држава и оти претседателот треба да се грижи за дигнитетот на Собранието.

СДСМ во партиската реакција наведува дека на верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во која било државна институција.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е непочитување на Уставот, стои во соопштението.

СДСМ повикува надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност.

Од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, со слична реакција дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на какви било религиски обреди.

Движењето ЗНАМ ги почитува сите религии на припадниците на етничките заедници во Македонија, но сакаме да потенцираме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди. Согласно Уставот, Македонија е јасно декларирана секуларна држава, стои во партиското соопштение.

ЗНАМ потенцира дека религиозни обреди во институциите на државата не се дозволени, додека политички, Собранието може на поинаков начин да го осуди геноцидот во Сребреница.

Одговорноста е на Претседателот на Собранието да се грижи за дигнитетот на Собранието како и негова заштита од злоупотреби како највисок претставнички дом во Македонија. Овој чин на злоупотреба, исто како и непочитување на законот за употреба на знамињата, Движењето ЗНАМ го смета како чин на провокација и демонстрација на моќ од позиција на власт, преку прекршување на Уставот и законите на Македонија, реагираат оттаму.

За Левица, Гаши „иницирал религиски обред – молитва во Собранието на Република Македонија со што директно е прекршен член 19 од уставот на Република Македонија“.

Дополнително, соопштуваат од Левица, тој не го испочитувал уставното начело дека сите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата.

Оценуваме дека ова анти-државно, анти-уставно и анти-секуларно однесување е реализирано во заеднички договор на владејачката коалиција. За жал ова не е единствено вакво однесување на Африм Гаши по давањето заклетва од страна на собранискиот спикер на албански јазик, велат од партијата, додавајќи дека  секуларноста е еден од основните принципи за функционално демократско општество, и затоа ќе поднесат интерпелација против собранискиот спикер за ова своеволие.

Од друа страна пак, потпретседателот на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, излезе со поддршка за денешната активност во Собранието.

Полемиките околу верската симболика во јавните простори и државните институции се чувствителна и важна тема. Кога државата презема чекори за интегрирање на верски симболи од специфична заедница, може да се создадат тензии и чувство на нееднаквост меѓу различните заедници, наведува Лога во соопштението од Алијанса за Албанците.

Меѓутоа, се додава, досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од „Скопје 2014“ без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници. Го именуваа Аеродромот во Охрид со верско име, и тоа “Свети Апостол Павле II”. -Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој, додава тој.

За настанот на својот Фејсбук профил се огласи и Мерсиха Смаиловиќ, која учествуваше на одбележувањето во Собранието.

Јас, Мерсиха Смаиловиќ, како претставник на невладината организација Диванхана, сакам да појаснам дека денешниот собир беше настан, а не седница на Собранието. Морам да ја поправам дезинформацијата за сликата што кружи денеска, а која прикажува детал од нашата иницијатива за одбележување на 11 јули, Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Сребреница, одржана во Собранието. Како модератор, го започнав настанот со поканување на присутните да одржат момент на тишина или да понудат молитва за жртвите на Сребреница, што е гест на почит, а не религиозен ритуал. Начинот на кој поединците избираат да го изразат овој момент, вклучително и дали избираат да се молат, е лична одлука што ги одразува нивните верувања и убедувања. Собранието не сноси никаква одговорност за овие лични избори. Оние кои се запознаени со церемониите во меморијалниот центар Поточаре ќе знаат дека почитта се оддава на различни начини, при што некои избираат молитва, а други тивко набљудуваат, секој според нивните лични чувства.11 јули секоја година се одбележува во Парламентот во различни формати, и за жалење е што беше политизиран како дел од секојдневната политичка борба, стои во нејзината реакција

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.