Баден-Виртемберг: Четворица загинати е билансот на семејна расправија во резиденција во Албштад, во германскат покраина Баден-Виртемберг.
Според досегашните информации на весниците BILD и Südwest Presse, по интензивна расправија, маж со огнено оружје убил тројца членови на своето семејство и се самоубил.
Локалната полиција го опколила теренот, но уверуваат дека нема опасност за граѓаните.
Десетици возила за брза помош се упатиле на местото на настанот додека полициските хеликоптери кружеле над областа.
Пред да станат познати деталите за инцидентот, на социјалните мрежи се појавија предупредувања во кои се повикуваат граѓаните да останат дома.