Ѓорѓи Спасов
Претседателот на американскиот конгрес, од републиканската партија Стив Скејлиз, кој беше и самиот тешко повреден во политички мотивирано пукање во 2017 година, по повод обидот за атентатот врз Доналд Трамп на изборен митинг во Пенсилванија за тв Фокс њус изјави: ” Запаливата изборна реторика мора да престане, бидејќи се што е потребно е еден човек слушајќи ја да се откачи и да почне да работи по свое”.
Дали и ние во Македонија ќе извлечеме поука од ова, незнам ,но факт е дека, ако секој ден обвинувате некого за направени големи криминали и за упропастување на државата па и иднината на вашите деца, ако секој ден говорите за национални предавства кои ќе довеле до исчезнување на нацијата, и ако државата, која единствено има право да употреби сила да не се случува тоа, демонстрира немоќ за справување со сите што по име во пропагандните говори ги обвинува, очекувајте дека таа реторика еден ден ќе натера некој лудак да ја земе правдата во свои раце.
Пропагандното насилство кое им црта мети за отстрел на своите политички противници лежи во основата на бројните атентати и обиди за убиства
а најчесто останува неказнето.
Такво насилство лично имаше поттикнато Доналд Трамп со непризнавањето на изборниот пораз во 2016 година, што се виде со насилниот упад на негови подржувачи во Конгресот на САД. И не се извлече поука од тоа.
Кај нас се случуваа слични работи во 2017 година.
Не сум сигурен дека извлековме поука од тоа или само се наоружавме со желба за одмазда, но знам дека говорот со омраза кон политичките конкуренти и лидери кај нас,не што не стивнува туку и станува поттикнувачки за насилства од најстрашен вид.
Време е да ги оставиме државните органи да се справуваат со криминалот и неправдите а партиите меѓу себе да се почитуваат и гледаат само како конкуренти за изградба на подобра иднина на земјава а не како смртни непријатели кои на еден или друг начин треба да бидат уништени.
Од Фејзбук ѕидот на авторот