Битола: На изборното собрание на Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ) е избран нов претседател на федерацијата и нов управен одбор.
Нов претседател на македонските влосипедисти е Иванчо Тошевски од Битола.
На собранието присуствуваа единаесет од вкупно осумнаесет клубови, членки на македонската федерација, а во конструктивна атмосфера зацртани се насоките на понатамошните активности на федерацијата.
Како нов пртеседател на ВФМ, ќе се залагам за јакнење на имиџот на федерацијата внатре во рамките на државата и на меѓународна сцена, со добро осмислени и јасно дефинирани краткорочни и долгорочни цели. Стартна точка за мене како претседател заедно со управниот одбор на ВФМ и велосипедските клубови, ќе биде изработката на нов статут со кој ќе ја редефинираме организационата поставеност на федрацијата во насока на обезбедување долгорочен развој на велосипедизмот како спорт во Македонија, но и негово омасовување.
Воспоставувањето на силни принципи на правичност внатре во рамките на ВФМ, несомнено дека ќе ја зајакнат структурата на истата, што од друга страна ќе доведат и до зголемување на интересот, да што поголем број на велосипедски клубови во Македонија бидат дел од системот на натпревари, вели Тошевски.
Истовремено сметаме и веруваме во поддршката од надлежни институции во насока на реализација на јасно поаставените цели. Дефинитивно предизвиците се тие кои носат развој, а во делот на спортот и велосипедизмот во Македонија ги имаме премногу. На крај искрено се заблагодарувам за едногласната поддршка од сите присутни членови на Собранието на ВФМ што е причина плус за мојот влог како предводник во наредниот период биди максимален, изјави новоизбраниот претседател на ВФМ Иванчо Тошески.