Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во неговото прво интервју откако преживеа обид за атентат рече дека го изменил својот говор за претстојната републиканска национална конвенција по нападот.
Не требаше да бидам овде, требаше да бидам мртов, рече тој во интервју за Њујорк Пост и Вашингтон Егзаминер.
Во разговор за конзервативните таблоиди додека патувал со приватен авион од Њу Џерси до Милвоки, Висконсин, Доналд Трамп го опиша моментот кога беше застрелан од вооружен маж на предизборен митинг во Пенсилванија.
„Ретко го тргам погледот од толпата. Да не го направев тоа во тој момент, немаше да разговараме денес“, рече тој.
Трамп рече дека неговиот телефонски разговор со Бајден по пукањето бил добар и дека претседателот бил „многу драг“. Тој, исто така, тврдеше дека Бајден размислувал да му нареди на Министерството за правда да се откаже од двете кривични гонења против него.