Центарот за управување со кризи ЦУК информираше дека во моментот активни се девет пожари на отворен простор.
Се уште е активен пожарот на планината Серта, кој се простира на три општини како четири самостојни пожари. Во општина Неготино, во атарот на село Калањево, каде гори ниска вегетација и шума, во Општина Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ, каде гори нискостеблеста шума – бор, во Општина Штип, на местото викано Патрик, каде гори смрек, дабова шума и мешовита шума и во општина Штип, меѓу селата Драгоево и Селце, на месноста викаба Хаџи Реџепли е зафатена ниска вегетација и грмушки, се наведува во соопштението.
Активни се пожарите и во Општина Ново Село, над село Бадилен, каде е зафатена борова шума и во Општина Чашка, кај селата Дреново и Долно Јаболчиште, каде е зафатена мешовита шума, а пожари има и во Општина Долнени, во село Црнилиште нискостеблеста вегетација, кај селата Слепче и Гостиражни гори ниска и сува вегетација трева и нискостеблеста шума и во Општина Гевгелија, меѓу селата Негорци и Кованец, каде гори даб, смрека, прнар и сува трева.
Попладнето избувна и голем пожар над Битола над патот во насока на Ресен.