Рига: Oд утре по случаен избор во Латвија може да се одлучи кој ќе се приклучи на армијата, а кој не.
Од оваа година во таа балтичка земја повторно важи обврската за отслужување војска. Доколку нема доволно доброволци за 11-месечниот армиски рок, тогаш армијата насилно ќе регрутира млади луѓе. Литванија повторно го воведе воениот рок веќе во 2015 година, Шведска во 2017 година.
За воведување воен рок се разговара и во Германија, Велика Британија, Хрватска.