Ако победи на претседателските избори во САД во ноември, Доналд Трамп брзо ќе побара мировни преговори меѓу Русија и Украина, тврди унгарскиот премиер, Виктор Орбан, по приватните разговори со републиканскиот кандидат, пренесува „Фајненшл тајмс“.
Во приватно писмо до лидерите на Европската унија по посетата на Киев, Москва и Пекинг, Орбан изјави дека тоа значи дека во случај на победа на Трамп, „ЕУ треба повторно да отвори директна дипломатска комуникација со Русија и да започне преговори на високо ниво со Кина. со цел да се најде мирно решение за војната во Украина“.
Орбан, исто така, во писмото вели дека, врз основа на неговите неодамнешни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски, „општ впечаток“ е „дека интензитетот на воениот конфликт радикално ќе ескалира во блиска иднина.
Многумина стравуваат дека поддршката на Орбан за мировно решение додека Русија сè уште контролира огромни области во источна Украина е во корист на Кремљ и ја поткопува решеноста на Западот да го поддржи територијалниот интегритет на Киев.