Киев: Поранешниот советник на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко на својот Икс профил објави видео на кое вели дека Украинец облечен во цивилна облека кој користи MANPAD, пренослив систем за противвоздушна одбрана, испука ракета од неговото рамо за да пресретне руски крстосувачки проектил.
На кусата снимка се гледа како украински војник пука со ракета, додека во позадина се слушаат гласови кои слават, што имплицира дека рускиот проектил е успешно пресретнат.
Американскот „Њузвик“ пишува дека но не е јасно каде и кога е снимено видеото.