Од МПЦ се изненадени од прес конференциајта на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој изјави дека покрај пратениците од опозицијата, прислушкувани биле и новинари, фунцкионери и припадници на МПЦ и ИВЗ. Во телефонски разговор за НОВА Владиката Тимотеј од МПЦ. Не знаеле дали е ова вистина или не, но не разбирале зошто би тие би биле прислушувани.
– Нив, на УБК, тоа им е работа, да прислушуваат. Но, ние не сме непријатели на овој народ и не разбирам зошто би биле прислушувани. Навистина сме изненадени, не сме имале никаков сомнеж или некаков показател дека било кој од Синодот е прислушуван. Сепак, да почекаме, да видиме дали е ова вистина, вели владиката Тимотеј за НОВА