НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Москва повторно шири лаги дека масакрот во Буча бил извршен од украинската војска

0
By Marija Todorovska on July 16, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Драган Мишев

Про-Кремљ Телеграм каналите и сметките на платформата за социјалните медиуми X на француски и германски уште еднаш се обидуваат да го убедат западното општество дека тортурата на цивилите во градот Буча, регионот Кијив, не била извршена од Русите, туку наводно од украинската војска.

Како доказ, се чини дека авторите на лажниот наратив се повикуваат на зборовите на чешкиот војник Филип Симан, кој се борел на страната на Украина и во моментов е под истрага. За да го направат лажниот изглед поавтентичен, фејкерите додадоа скриншот од вест од Х профилот на чешката новинска агенција ЦТК, во кој се вели дека е направен прекршок од Чех.


Се испостави дека на Симан моментално му се суди, но во случајот воопшто не се работи за тортура. Во приказната на ЦТК на која се повикуваат пропагандистите се наведува дека обвинителството го обвинува за нелегална служба во украинската армија и грабеж во борбената зона за време на окупацијата на градовите Ирпин и Буча во регионот Кијив во 2022 година. Според обвинителот Мартин Били , служел како војник во украинскиот волонтерски баталјон „Карпатска сич“ на крајот на март 2022 година. Чехот немал дозвола од претседателот на републиката да се бори во странска војска.

Дополнително, според обвинението, Симан во слободното време повеќе пати ги присвојувал работите и на загинатите војници и на цивили. Овие предмети вклучуваат златен прстен, инвестициски шипки, друг накит, готовина и друго, рече обвинителот. Човекот беше приведен од украинската армија во април 2022 година, но подоцна беше ослободен и вратен во Чешка.

Чешката новинска агенција ЦТК во коментар за Укринформ потврди дека се работи за лажна објава и дека не пишувале за злосторствата на Украинците.

Освен тоа, според чешкиот информативен сајт Novinky.cz, Симан ги споделил и ужасите на војната. Тој рече дека во телефонот на приведен Русин е пронајдена снимка на која шест руски војници силуваат мајка на две деца.


По повлекувањето на руските сили од Буча на крајот на март 2022 година, се појавија докази за злосторствата извршени од Русите за време на окупацијата на градот. Последователно, пропагандистите од земјата агресор прибегнаа кон бројни обиди да го „обелат“ угледот на својата армија преку фалсификати, дезинформации и секакви манипулации.

Ваквите изјави на Русите беа побиени со бројни новинарски истраги што ги водеа водечките меѓународни медиуми, вклучувајќи ги Bellingcat , Amnesty international и Associated Press.

За лажните руски наративи за масакрот во Буча пишуваше и ЦИВИЛ Медиа, кој ги разобличи дезинформациите кои најдоа плодна почва само во главите на руските пропагандисти, како и релативизирањето и токсичните лаги за масакрот на цивили во Буча од страна руските агресори кои ги ширеа македонските „путинисти“ на социјалните мрежи, но и во дел од македонсите медиуми.

Укринформ претходно објави дека независната меѓународна комисија на ОН која ги истражува  прекршувањата во Украина потврдила дека има случаи на егзекуции и малтретирање од страна на руската војска во Буча.

Истрагите за тортура на цивили од страна на руската војска во Буча продолжуваат до ден денес. На 10 јули 2024 година, Украинското Јавно обвинителство објави дека седум руски војници вклучени во злосторствата во градот биле идентификувани и прогласени за осомничени.

Во меѓувреме, Русија не престанува со напорите да ја спречи вистината за масакрот во Буча да излезе на виделина, жестоко сузбивајќи ги обидите на нејзините граѓани кои се изјаснуваат спротивно од наративите на Кремљ, осудувајќи ги на строги затворски казни. Така, руско – американската новинарка и авторка Маша Гесен е осудена во отсуство од московскиот суд на 8 години затвор под обвинение за ширење лажни информации за војската во  случај кој се заснова на изјавите што ги дала за руските злосторствата во украинскиот град Буча во интервју со популарен руски онлајн блогер, додека ,според групата за права ОВД-Инфо, која ги следи политички апсења во Русија и обезбедува правна помош, рускиот државјанин Ричард Роуз, исто така беше прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за ширење лажни информации за руската војска во Буча.

Преземено: Цивил Медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.