Казан: Судот во Русија ја осуди новинарката на Радио Слободна Европа Алса Курмашева на шест и пол години затвор поради, како што се наведува во пресудата „ширење лажни информации за руската армија“.
Судењето беше тајно и затворено.
Пресудата беше донесена во градот Казан во петокот, истиот ден кога новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович беше осуден на 16 години затвор во Екатеринбург за, како што е наведено, шпионажа.
Курмашева е осудена за ширење лажни вести за руската армија, се наведува во соопштението на врховниот суд на руската провинција Татарстан.
Директорот на Радио Слободна Европа Стивен Капус изјави дека пресудата против Курмашева е „исмејување на правдата“ и дека единствената правична пресуда е ослободителна.
Крајно време е оваа американска државјанка, наша драга колешка, да се врати кај своето семејство, рече Капус.