Американскиот милијардер, Џорџ Сорос, донираше повеќе од 15 милиони долари за поддршка на американската потпретседателка Камала Харис да биде кандидат на Демократската партија на претстојните претседателски избори.
Покрај него, Харис го поддржа и филмскиот продуцент и донатор Џејми Патрикоф.
Другите ќе видат дека таа е најдобрата опција за демократите да го победат Трамп – рече тој, додавајќи дека Харис ќе го „уништи“ Трамп во дебатата.