НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврокомисијата започна истрага за можни монополски договори при онлајн испораката на храна

0
By Marija Todorovska on July 23, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел: Европската комисија започна официјална антимонополска истрага со цел да процени дали германската „Диливери Хироу“ и шпанската „Глово“ ги прекршиле правилата за конкурентност на ЕУ со создавање на картел во секторот за онлајн нарачки и испорака на храна, намирници и други стоки за широка потрошувачка на територијата на Европската економска област (ЕЕА).

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, „Диливери Хироу“ и „Глово“ се меѓу најголемите компании за испорака на храна во Европа. „Диливери Хироу“ од јули 2018 година презеде малцински удел во сопственоста на „Глово“, по што во јули 2022 година стана мнозински сопственик на шпанската компанија.

Комисијата стравува дека со преземањето на „Глово“ од страна на „Диливери Хироу“, двете компании „можеби споделувале комерцијално чувствителни информации“, како комерцијални стратегии или податоци за цените, капацитетите, трошоците или карактеристиките на производите.

Извршената потпретседателка на Еврокомисијата задолжен за политиката на конкурентност Маргрете Вестагер, изјави дека целта на истрагата е да утврди дали „Диливери Хироу“ и „Глово“ постигнале меѓусебен договор за поделба на пазарот и за непреземање на вработени.

– Доколку се потврди ваквата загриженост, тоа може да претставува прекршување на правилата за конкурентност на ЕУ со потенцијални негативни ефекти врз цените и изборот за потрошувачите и врз можностите за избор за работниците, истакна Вестагер.

Според неа, онлајн испораката на храна е еден од најбрзорастечките сектори во ЕУ, па затоа конкурентноста во него мора да биде заштитена.

Ако истрагата ги потврди сомнежите на ЕК, тоа би претставувало кршење на член 101 од Договорот за функционирање на Европската Унија и на член 53 од Спогодбата за Европската економска област, кои забрануваат создавање картели и рестриктивни деловни практики.

Тимови на Комисијата во јуни 2022 и ноември 2023 година извршија ненајавени инспекции во просториите на „Диливери Хироу“ и „Глово“ во рамки на предлог-иницијативата за покренување истрага за евентуално картелско здружување во секторот за испорака на храна.

Компанијата „Диливери Хироу“ е присутна во над 70 земји ширум светот и е партнер со повеќе од 500.000 ресторани, а котира и на Берзата во Франкфурт. „Глово“, пак, има свои претставништва во над 1.300 градови во 25 земји во светот.

Со преземањето на мнозинскиот пакет акции во „Глово“ од страна на „Диливери Хироу“ во јули 2022 година, шпанската компанија практично стана подружница на германската.

Истрага покрената од страна на Комисијата е дел од нејзините напори за обезбедување можности за избор и разумни цени за потрошувачите при онлајн испораката на храна и намирници.

– На еден нов и динамичен пазар каков што е овој, антиконкурентските договори и рестриктивните деловни практики, вклучително и создавањето картели за поделба на пазарот, може да доведат до потенцијални негативни ефекти врз конкуренцијата, смета Европската комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.