НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгласана новата влада на Црна Гора

0
By Marija Todorovska on July 23, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подгорица: Пратениците во црногорскиот парламент денеска го поддржаа новиот состав на црногорската влада на премиерот Милојко Спајиќ, во која пет министерски места отидоа на бошњачката партија и три на просрпската коалиција За иднината на Црна Гора.

Реконструираната влада на Спајиќ има премиер и 30 членови, 24 министерства и седум потпретседатели, од кои двајца во исто време се и министри.

Спајиќ во воведниот говор рече дека во парламентот постои „историско мнозинство“, што е гаранција дека Црна Гора ќе биде стабилна и оти земјата ќе може да се посвети на важни теми како што се интеграција, економија и социјална политика.

– Црна Гора денес е најпомирена во својата историја. Секоја жртва беше соодветна и ова мнозинство е гаранција за стабилност и успех. Стануваме пример за заеднички живот и работа во регионот, рече црногорскиот премиер.

Спајиќ ја повика опозицијата да биде конструктивна, нагласувајќи дека следните три и пол години се клучни за евроинтеграциите на Црна Гора, но и за економските реформи.

Претседателот на опозициската Демократска партија на социјалистите, Данијел Живковиќ изјави дека реконструкцијата на Владата е обид да се спаси движењето Европа сега и самиот Спајиќ, кој според последните анкети има поддршка од 15 проценти.

– Цената на таа реконструкција е распродажба на националните интереси на Црна Гора, рече Живковиќ и додаде дека е беспредметно да се зборува за обнова на Владата со Мандиќ и Милан Кнежевиќ.

– Тоа се луѓе кои тврдат дека Црна Гора не е држава, рече Живковиќ.

Претставникот на Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ) Адријан Вуксановиќ изјави дека се што се случило во изминатата година потврдува дека неговата партија постапила правилно кога ја одбила понудата да се приклучи на владата на Спајиќ. Тој потсети дека извршната власт ги влошила односите со соседите.

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, коментирајќи ја реконструираната влада на Црна Гора, соопшти дека Црна Гора е жртва на најпримитивната политичка трговија и неодговорност што премиерот Милојко Спајиќ континуирано ја демонстрира во управувањето со државата.

Откако на граѓаните им стана јасно дека идејата за промена е изневерена, пустошот на политичкиот живот и демократските процеси продолжува, напиша Милатовиќ на Х

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.