Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Али Ахмети: Меѓународниот фактор да се вклучи во случајот прислушкување

0
By Нова ТВ on February 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 11, 2015 15:49

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од евроамбасадорот Аиво Орав со кој денеска оствари средба, побара Меѓународната заедница да формира посебна група од експерти, која заедно со домашните институции на системот би го истражувале случајот со прислушкувањето објавено од претседателот на СДСМ Зоран Заев.

На тој начин според Ахмети вистината би излегла на виделина.

– Доколку се вклучи меѓународниот фактор во овој случај, нема да има двоумење од ниту еден граѓанин, дали истражната постапка е со кредибилитет, изјави Ахмети.

– По денешните средби со специјалниот пратеник од министерството за надоврешни работи на Германија, Ернст Рајхел и шефот на канцеларијата на ЕУ, Аиво Орав разговаравме за развојот на настаните во Македонија. Заеднички ја споделивме загриженоста за овие настани и јас го покренав како прашање кај соговорниците да се создаде политичка група од претставници од меѓународната заедница на политичко и на експертско ниво за решавање и менаџирање на состојбата, изјави Ахмети.

Тој побара од Меѓународната заедница да се создаде една политичка и експертска комисија со цел овој процес да добие кредибилност и доверба кај сите граѓани на Македонија и да се отстрани секое двоумење околу третманот на овој процес.

– Сегашната состојба бара рационално и зрело однесување, да покажат сите политички субјекти во земјата за да не се дефокусира нашата агенда за членство во ЕУ и НАТО со унапредување на меѓуетничките односи, економскиот развој на земјата и унапредување на односите со соседните земји. Сите политички сили во земјата треба да го имаат ова како приоритет бидејќи тука е користа за сите граѓани, дополни лидерот на ДУИ.

Според него, политичките сили заедно со експертите од Меѓународната заедница и домашните политичките фактори треба заедно да ја менаџираат оваа состојба.

Ахмети вели дека не се чуствува изигран од ВМРО ДПМНЕ, партија која според претседателот на СДСМ учествувала во прислушкувањето на лидерот на ДУИ.

– ДУИ работи и делува надвор од дневните емоциии и со ладна глава ги анализира сите состојби и делува така што ниедно дејство нема да биде во спротивност со интересите на граѓаните и ниедно дејство нема да биде предизвикано од емоции туку со размислување, разумност и ладнокрвност, изјави Ахмети.

Тој кажа дека против никого нема да поднесува пријави во врска со случајот прислушкување. Според него работата треба на професионално ниво да си ја завршат институциите на системот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.