Најмалку 32 лица загинаа, а околу 63 се повредени во напад на плажа во главниот град на Сомалија, Могадишу, изјави денеска портпаролот на полицијата Абдифатах Адан Хасан.
Тој додаде дека некои од повредените се во критична состојба.
Одговорноста ја презеде терористичката група Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда.
Групата го води бунтот против сомалиската влада поддржана од ОН речиси 20 години.
Според изјавите на очевидците и локалните власти, се слушнала експлозија и истрели, а очевидец изјавил дека го видел напаѓачот опкружен со експлозив неколку моменти пред да се разнесе во близина на хотелот на популарната плажа Лидо.