Приштина: Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека, по неколкумесечна истрага, денеска се уапсени пет лица осомничени дека извршиле воени злосторства врз цивили Aлбанци во последната војна во Косово.
Според соопштението на Обвинителството, петте лица во април 1999 година во неколку села на општина Гњилане, во источно Косово, на границата со Србија, убиле, раниле, киднапирале, силувале, малтретирале, мачеле и живи палеле цивили Албанци.
Покрај свирепите убиства, петмината уапсени се осомничени и за низа други оштетувања на објекти, како и за протерување на населението.