Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израелската делегација ги напушти преговорите во Каиро поради несогласување со Нетанјаху

0
By Zoran Ivanov on August 4, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 4, 2024 16:29

Израелска преговарачка делегација го напушти Каиро и се врати во Тел Авив веднаш по вчерашното пристигнување каде што требаше да ги продолжи разговорите за договорот за размена на заложници со палестинските групи, пренесува Анадолија.

Делегацијата, составена од шефот на разузнавачката агенција Мосад, Дејвид Барнеа, шефот на безбедносната агенција Шин Бет, Ронен Бар и владиниот координатор за операции на палестинските територии, Гасан Алијан, се врати во Тел Авив поради несогласувања со премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави весникот „Једиот Ахронот”.

Од канцеларијата на Нетанјаху сè уште не се огласиле за ова прашање.

-Одењето на израелската делегација во Каиро е резултат на силниот американски притисок врз Израел и Египет последните денови да ги продолжат преговорите за договорот за заложници и покрај атентатот на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија”, објави израелскиот новински портал “Вала”, повикувајќи се на неименувани извори.

Високи израелски официјални лица, меѓу кои и министерот за одбрана Јоав Галант и началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Херзи Халеви, вчера го предупредиле премиерот Бенјамин Нетанјаху дека неговото инсистирање на нови услови ќе го саботира договорот за примирје и ослободување на заложниците, што го поттикнало премиерот да тврди дека Хамас, а не тој, воведува нови барања.

Новиот предлог наводно бара воведување на механизам за инспекција за да се обезбеди дека борците нема да можат да се движат кон северот на Појасот Газа; Израел да остане на границата меѓу Газа и Египет, позната како коридор Филаделфи, во првата фаза од договорот; и инсистирањето на Израел да добие листа на сите живи заложници што Хамас ќе ги ослободи како дел од договорот. Ниту едно од тие барања не се појави во израелскиот предлог поднесен на 27 мај, кој потоа јавно го соопшти американскиот претседател Џо Бајден, а на кој тогаш и е жестоко се противеа крајно десничарските сојузници на премиерот, пренесува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.