Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште две награди за филмот „Лена и Владимир“ на Игор Алексов: Актерот Тони Наумовски и директорот на фотографија Душан Кардалески ја добија големата повелба на Леотар во Требиње

0
By Ана Василевска on August 5, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 5, 2024 11:33

Со доделување на Големите повелби на Леотар заврши годинешното издание на Фестивалот на медитерански и европски филм во Требиње, БиХ. Големата повелба на Леотар му беше доделена на македонскиот актер Тони Наумовски за неговата минималистичка и емотивно моќна интерпретација на сложениот лик на Владимир во филмот „Лена и Владимир“, филм во режија на Игор Алексов. Награден беше и кинематограферот Душан Кардалевски за визуелно и колоритно раскошната фотографија во истиот филм.

Директорот на фотографија Душан Кардалевски со наградата во Требиње
Директорот на фотографија Душан Кардалевски со наградата во Требиње

„Лена и Владимир“ е приказна за двајца бегалци од општеството кои доживеале огромна трагедија, а чии патишта случајно се вкрстуваат . Тие наоѓаат утеха и поврзаност, формирајќи врска што им носи исцелување.

Актерот Тони Наумовски на доделувањетпо на наградите во Требиње

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм и Филмскиот центар на Србија (Терирем продукција).

Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска и Тони Наумовски, а во филмот се појавуваат и Дениз Абдула, Луран Ахмети, Петар Мирчевски, Петре Арсовски, Благоја Чоревски, Kирил Коруновски.

Сценариото е на Александар Русјаков. Продуценти се Дејан Илиев (ДМФ Филм) и Илија Циривири (МИНД Продукција). Кинематографер е Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Зафирковски, а монтажер е Мартин Иванов, Музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез, костимограф е Раде Василев, дизајнер на маска е Горан Игњатовски, а кастинг директор е Катерина Грубач.

Останатите награди отидоа кај: Сенад Башиќ за неговиот педантно прикажан лик на гастарбајтер од Балканот на чиј грб се кршат предизвиците на модерната Европа во филмот „Босански лонец“, Александра Лазаровска за концизната и ефективно прикажана филмска приказна во просторно збиената форма на краткиот игран филм „Стелар“, Андреј Шепетковски, режисер, сценарист и продуцент на филмот „СЕРВИС“ за НАЈДОБРО ЕВРОПСКО ДОСТИГНУВАЊЕ, филмско остварување во целина. За добро компонирана филмска приказна чија структура ги комбинира најдобрите авторски искуства на источната и западната евро-медитеранска култура, филмот „Чувари на формулата“ во режија на Драган Бјелогрлиќ ја доби наградата ГРАН ПРИ ЛЕОТАР како најдобар филм во целост.Филмот е копродукција меѓу Кобра Филм и Тон Филм од Србија, Скопје Филм Студио од Македонија, Перфо Продукција од Словенија и Битер Фрејмс од Црна Гора, поддржани од националните фондови на овие земји и Еуримаж.

Годинешното издание на фестивалот се одржуваше под мотото „Исунчани со филм“. Требиње е град со долга филмска традиција, која датира од периодот пред Втората светска војна, а потоа и од периодот на педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, кога во околината на Требиње биле изградени два филмски града. На овогодинешниот фестивал беа прикажани 30 филмови од 15 земји.

„Лена и Владимир“ Агенција за филм на РСМ македонски филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.