НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски повторно како во изборната кампања заплашува дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата

0
By Marija Todorovska on August 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дехран Муратов

Имаме информации добиени од повеќе канали дека ова раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата. Според тие информации, очекуваме тоа да се случи оваа есен, истакна премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција што ја имаше заедно со косовскиот премиер Албин Курти, одговарајќи на новинарско прашање да открие повеќе детали за информациите што ги изнесе во интервју за неделникот „Фокус“.

„Ние како влада имаме целосно право да го браниме територијалниот суверенитет и интегритетот и мирот на граѓаните. Тоа е и целта на една држава. Да почекаме времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат или нема да бидат точни“, рече премиерот Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на изборната кампања (на 30 април 2024) истакна дека вооружена група се движи низ Чаир и Бутел и дека нив ги координира соработник на Али Ахмети.

„Али Ахмети точно знае што зборувам и точно знае неговиот соработник кој уживаше привилегии во претседателски апартман во луксузен хотел во Истанбул. Тој ја координира таа група што се движи на територија на општина Бутел и Чаир. Ги знаеме лицата и знаеме што прават, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за наводно вооружени лица што се собирале во Чаир.

Од ДУИ тогаш возвратија дека Мицкоски и ВМРО со лажни вести измислуваат, дезинформираат и оцрнуваат сè што е албанско.

„Свесен и исплашен дека нивните слуги од албанската опозиција ќе претрпат длабок пораз, Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи предизвикувајќи страв од дестабилизација на ситуацијата, која е желба и главна цел на проруските центри во Северна Македонија“, истакнаа од ДУИ.

Изборите поминаа, вооружена група немаше, ниту имаше уапсени лица за кои Мицкоски тврдеше дека ги знае и има има докази. Колку за потсетување, за време на техничката влада со Министерството за внатрешни работи раководеше актуелниот министер Панче Тошковски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали заплашувењето дека ДУИ ќе се обиде да ја дестабилизираат државата оваа есен е уште една (дез)информација како заплашувањето од наводна вооружена група контролирана од ДИУ за време на изборната кампања или навистина постои закана за мирот и стабилноста?

Извор: Цивил Медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.