Лондон: Секој кој поттикнал насилство онлајн ќе се соочи со целосната сила на законот, предупреди портпаролот на британскиот премиер Кеир Стармер откако Елон Маск рече дека “граѓанската војна е неизбежна” по деновите на немири во Британија.
Илон Маск, милијардер и сопственик на социјалната мрежа X, на неговата социјална мрежа под видео на демонстранти кои фрлаат огномети врз полицијата напиша коментар дека „на Британија ќе и се случи граѓанска војна“.
Законот се применува и за интернет. Не постои оправдување за таквите коментари. Секој кој поттикнува насилство независно дали е он или оф лајн, прави крвично дело и ќе се соочи со целосната сила на законот, изјави портпаролот на британскиот премиер.
Нередите низ Англија и Северна Ирска започнаа во вторникот во Саутпорт, по убиството на три млади девојки во напад со нож на час по танц. Гневот на дел од јавноста беше предизвикан откако беше соопштено дека напаѓачот е илегален имигрант. Властите веднаш ги демантираа лажните вести, посочувајќи дека лицето е родено во Кардиф.