На берзите низ Европа и Азија забележан е остар пад денеска, поради стравувањата дека американската економија се движи кон забавување.
Во Лондон на отворањето на берзата клучниот индекс FTSE 100 падна за 2,3 отсто, додека Euronext 100 за 3,5 отсто.
Многу позначителен пад е забележан во Азија, каде што јапонскиот Никеи 225 падна за 12,4 проценти или 4451 поен. Ова е најголемиот пад на тој берзански индекс по поени во историјата.
Паднаа и криптовалутите. Биткоинот падна на околу 50.000 долари, што е најниско ниво од февруари.
Акциите на американските банки паднаа бидејќи стравот од рецесија ги принуди инвеститорите да ги префрлат своите пари од сектори тесно поврзани со економијата на земјата и во нешто побезбедно.
.