Лондон: Бранот насилни протести и немири во делови од Обединетото Кралство продолжи и синоќа. Нападнати се полицајците во Белфаст, Дарлингтон и Плимут, јавува.
Шест лица се уапсени во Плимут, неколку полицајци се полесно повредени, соопшти полицијата. Во јужен Белфаст демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели врз полицајците. Од почетокот на немирите се уапсени речиси 400 луѓе.
Полицијата верува дека немирите во градовите во Велика Британија се поттикнати од лажни шпекулации дека осомничениот е муслимански барател на азил. Особата е Аксел Муганва Рудакубана е обвинет за три убиства, 10 обиди за убиства и поседување кујнски нож, со кој ги извршил делата. 17-годишното момче е родено во Кардиф од родители од Руанда. Тој се пресели во областа Саутпорт во 2013 година.