Газа: Палестинското движење Хамас објави дека за свој нов лидер го избрало Јахја Синвар, највисокиот функционер во Појасот Газа кој ги организираше нападите врз Израел лани на 7-ми октомври.
Хамас соопшти дека го назначува Синвар за нов шеф на своето политичко биро на местото на убиениот Исмаил Ханија. Ханаја минатата недела беше убиен во ракетен напад во Иран.