Турција најави дека веќе денеска ќе се приклучи на тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцидот во Газа, а пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Интервенцијата на Турција ја насочува меѓународната заедница да ја препознае и да и` одговори на хуманитарната криза во Газа, изјавиле од турски дипломатски извори.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави претходно оваа недела дека Истанбул ќе издаде декларација за случајот денеска.
Турција уште во мај најави дека ќе се приклучи на тужбата покрената од Јужна Африка пред судот во Хаг.