Ерусалим: Командантот на Хезболах, Хасан Фареш Јеши, кој беше одговорен за противтенковски наведуван ракетен напад врз северен Израел, е убиен денеска во напад на израелско беспилотно летало врз градот Хуаја во Либан, пишува „Тајмс оф Израел“.
Либанските медиуми објавија информации од Министерството за здравство дека две лица загинале кога израелски беспилотни летала гаѓале мотоцикл во Хуаја, додека во истиот напад биле поврдени шест лица.