Софија: Бугарскиот парламент усвои измени на својот закон за образование, проширувајќи го својот опсег за забрана на ЛГБТК пропаганда во училиштата, што групите за права ги критикуваа како дискриминаторски.
Амандманот на законот предложен од проруската партија Преродба е усвоен со големо мнозинство, со 159 гласа „за“, 22 против и 12 воздржани.
Законот забранува пропаганда, унапредување или поттикнување на каков било начин, директно или индиректно, во образовниот систем на идеи и ставови поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација и/или родов идентитет различен од биолошкиот.
Невладината организација за права Бугарскиот Хелсиншки комитет, ХЦ, чинот го оцени како неевропски и недемокраски и дека допонувањата во законот ги „кршат основните човекови права“.