Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција за измените на Законот за урбанистичко планирање

0
By Marija Todorovska on August 10, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 10, 2024 15:03

Во врска со реакцијата на Министерството за транспорт за измените на Законот за урбанистичко планирање, кој е ставен на седница во Собранието во понеделник, 12.8.2024, по скратена постапка.

Се спомнуваат 600 урбанистички планови заглавени во постапка, а не се спомнува дека изработката на тие урбанистички планови трае повеќе од 4.5 години и тоа по стари неважечки закони и правилници, со неточни параметри, зошто за тој период имаме нови податоци од пописот, има изградени линиски центри чии параметри не биле вклучени во планирањето, а сепак ги искористиле најголем дел од ресурсите и сл. Она што министерството за транспорт, односно оваа Влада сака е овие несоодветни планови да си продолжат да се изработуваат според стари неважечки закони и правилници до недоглед и да се донесат со неточни параметри, врз чија основа утре ќе се гради, не земајќи ја предвид сегашната изменета состојба. Впрочем, сегашниот закон не е пречка, зошто е јасен дека сите тие планови ќе ПРОДОЛЖАТ да се изготвуваат според сегашниот закон, како што и треба. Дополнително, климатските промени сè по жестоко нè напаѓаат со секоја измината година и наместо да се ревидира она што е планирано од претходно, битно е само да се гради.

Се спомнува дека основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на градење и на катни гаражи. Она што се сака е да се гради без урбанистички план, само со проект, кој каде ќе му текне, без да се прашаат граѓаните кои живеат таму дали се согласуваат со локацијата, висината на градбата или не, без јавна анкета и без Советот на општина да има право да одлучи со гласање. Ова е отворање на врата на самоволие и хаос, кое не смее да се дозволи. Ајде тогаш да поедноставиме сè, ги укинеме урбанистичките планови и секој нека гради каде сака, како сака, колку сака. Не може под превезот на “јавен интерес” да се прави урбанистичко-градежен хаос.

Се потенцира дека сосема погрешно во јавноста се интерпретира одредбата каде се вели дека се брише можноста да се донесе урбанистички план без согласност од Министерството за транспорт и дека вистината е обратна, односно се укинува правото “молчењето е одобрување”. Да, точно е дека тој дел се брише за што сме сосема согласни. Но не е точно дека погрешно се интерпретирале другите одредби кои исто така се бришат и за кои реагиравме. Одредбите кои велат дека одлуката со која се донел урбанистички план е ништовна, ако нема добиено согласност од министерството за транспорт, а министерот е должен да донесе забрана на примена на планот во рок од 5 работни дена, се бришат. Овие одредби се суштински за да се спречи злоупотреба и спроведување на планови кои не се валидни, а не да се чека некој да поднесе до Уставниот суд иницијатива и после години судот да донесе одлука, а во меѓувреме се изградило сè според тој план.

Се бришат одредбите поврзани со обврската за обезбедување на потврда за урбанистичка усогласеност. Наведено е дека оваа одредба не може да се примени поради неусогласност со актуелниот Закон за градење. Урбанистичката усогласеност е од големо значење и наместо да се избрше од законот, потребно е да се измени соодветно Законот за градење. Во спортивно неусогласени планови ќе се спроведуваат.

Се брише и цел член каде се уредува дека урбанистички планови и документации кои не се усогласиле според Законот за просторно и урбанистичко планирање од 2005 и 2007 година и престанале да се применуваат во 2013 година, донесувачите биле должни да отпочнат постапка за изработување и донесување на урбанистички план. Општите акти кои се донеле во меѓувреме, престанале да важат со денот на отпочнувањето на примена на сегашниот закон, а донесувачите биле должни да отпочнат постапка за изработување и донесување на урбанистички план за село. Не може да се остават на сила општи акти кои не се усогласени со сегашните стандарди и норми и да нема изработено урбанистички планови за одредени подрачја уште од 2013 година. Потребни се нови урбанистички планови за овие опфати и не може да се остават неуредени како до сега.

Урбанистичките планови треба да воведат ред, а не хаос и не може да се дозволи изработка, спроведување на планови кои не се соодветни и изградба на објекти како катните гаражи без нив. Доволно е хаотично и без тоа, дополнителен хаос не ни е потребен.

Целосна реакција од страна на О2 Иницијатива.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.