НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓаши: Ниедно дете не треба да склучи брак, односно да биде во брачна или вонбрачна заедница до 18 години

0
By Marija Todorovska on August 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дехран Муратов

Од Детската амбасада Меѓаши во интервју за ЦИВИЛ Медиа велат дека во своите годишни извештаи за работата на АлоБушавко – телефонот за деца и млади ги опфаќаат дојавите за сите видови на злоупотреба на деца. Согласно извештајот за 2023, на телефонот за деца и млади немаат добиено дојави за малолетнички брак. Додаваат дека Детската амбасада е 24/7 достапна за психосоцијална поддршка на децата и младите, вклучувајќи ги и децата жртви на малолетнички бракови.

Од Меѓаши велат дека и покрај малиот број на дојави за оваа проблематика споредбено со другите предизвици со кои се соочуваат децата, секогаш постои можност за подобрување на соработката со и помеѓу државните институции, особено во делот на мапирање на потребите на семејствата во ризик и трансгенерациската традиција.

„Повеќе од потребно е да се најдат и законски, но и акциски решенија за оваа категорија малолетници што се принудени да влезат во брак, да се преземат соодветни мерки и да се почитува правото на децата да пораснат“, велат од Меѓаши.

На прашањето дали постојат шелтери, односно згрижувачки ентитети за сексуално злоупотребените деца (од педофилија, до семејно сексуално насилство, до малолетнички бракови), од Меѓаши велат дека во моментов постојат шелтери за жени жртви од семејно насилство во Македонија.

„Истите се само ресурс, но не и решение на оваа проблематика. Освен што не треба да се враќаат децата жртви кај родителите/старателите, туку на истите треба да им се пружи дополнителна психо-социјална поддршка за полесно надминување на траумата со која се соочуваат, со што повеќе од потребно е воспоставување на еден мултисекторски механизам на држвните инситуции за оваа и многу други проблематики во кои се случува злоупотреба врз деца. Една од препораките на УНИЦЕФ токму на оваа тема е: „Воспоставувањето на мултисекторски механизам и вклучувањето на релевантните носители на одлуки ќе обезбеди заштита на правата на малолетниците во раните бракови. „Преку овој механизам би им се овозможило на мажите и на жените да го продолжат своето образование преку давање совети за брачни односи, имотни права и права за репродуктивно здравје“, велат од Детската амбасада.

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ со години вниманието го насочува кон проблемите што се појавуваат од малолетничките бракови и бракови под принуда. „Меѓаши“ смета дека треба да има измени и дополнувања во законот во Македонија дека ниедно дете не треба да склучи брак, односно да биде во брачна или вонбрачна зедница до наполнување 18 години. Дополнително, со завршувањето на задолжителното средно образование младите не само што ќе го прекинат синџирот на неписменост, сиромаштија и злоупотрба на трудот туку ќе им се даде и сериозна можност со едукација, барем да се намали бројката на малолетничките бракови. Токму затоа Меѓаши и во следниот период ќе продолжи со иницирање, апелирање и лобирање за влијанието и последиците врз децата жртви при склучување на малолетнички бракови, а во следниот период во соработка со општина Дебар ќе се одржат активности токму на оваа тема.

Извор: Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.