Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 900 ден од целосната руска воена агресија се огласи преку својата сметка на Х со осуда на масовниот руски ракетен и дронски напад во кој повторно има цивилни жртви.Противвоздушната одбрана на Украина денес работеше цела ноќ, но има жртви меѓу цивилното население во врска со масовниот ракетен и дронски напади од страна на државата агресор рф. #RussiaIsATerroristState#StopRussianAggression#StandWithUkraine, напиша Дир на Х