Киев: Украина во јули двојно го зголеми извозот на жито, на повеќе од 4,2 милиони метрички тони во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Украинската асоцијација на трговци со жито UGA, и покрај зголемените руски напади врз Одеса, клучното пристаниште на Црното Море, и Измаил, главното пристаниште на Дунав за извоз на жито во Европа.
Британските медиуми пренесуваат дека Украина во јули извезла 3,7 милиони тони земјоделски производи преку Одеса и 569.000 тони преку Дунав. Тоа е двојно повеќе во споредба со јули минатата година кога преку Одеса беа извезени 291.000 тони и преку Дунав 2,07 милиони тони.