Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

0
By Marija Todorovska on August 12, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 12, 2024 16:05

Скопје: Во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на Ковид-19 низ државава. Во однос на претходниот месец јуни, се регистрира десеткратно зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19, како и во однос на месец јули, 2023 година. Од заболените во јули 2024, најголем број – 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (43,0/100.000) се регистрира во Кавадарци, се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, објавен попладнево.

Во текот на месецот регистрирано било едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Најголем број заболени биле регистрирани од возрасната група над 60 години и кај деца до девет години.

– Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, се тестирани вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец – 409. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јули 2024, пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на Ковид-19 (I=19.103,4/100.000) и 9.992 смртни случаи (Mt= 544,0/100.000; CFR=2,8%), се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Тој месец во Република Северна Македонија, пријавени биле вкупно 1.500 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 81,7 на 100.000 жители.

– Во текот на месец јули се бележи зголемување на вкупниот број на заболени лица за 30,1 отсто во однос на претходниот месец јуни 2024, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014-2023, за 12,3 проценти, додека во однос на јули 2023, се бележи зголемување за 57,6 проценти, додаваат од ИЈЗ.

Меѓу другото, наведено е дека биле евидентирани два случаја на заразни заушки и еден случај на легионерска болест. Двата случаја на заразни заушки биле кај деца на возраст од осум односно девет години, вакцинирани со една доза на МРП односно пропуштени за вакцинација со втора доза на МРП вакцина – втората доза на МРП вакцина се дава на возраст од шест години, согласно Календарот за задолжителна имунизација на Република Северна Македонија. Дијагнозата била лабораториски потврдена.

Во јули е евидентиран и еден случај на вирусен енцефалит.

– Во однос на вирусниот енцефалит, станува збор за импортиран случај на енцефалитис предизвикан од крлеж (Tick-borne encephalitis). Пациентот дал податок дека бил каснат од крлеж за време на престој во Швајцарија. Дијагнозата е потврдена серолошки, во Вирусолошката лабораторија на ИЈЗ. Случајот е регистриран во јуни, 2024, пишува во извештајот.

Кога станува збор за сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, биле регистрирани 13 заболени лица. Од нив, шест случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б, два на гонореја и еден случај на инфекција со хламидија.

– Во текот на месец јули пријавени се пет потврдени случаи на ХИВ и два случаја на СИДА, шест случаи се од машки и еден од женски пол. Во однос на возраста, по две лице припаѓаат на возрасната група од 20 до 29, 30 до 39 и 40 до 49 години, едно лице припаѓа на возрасната група од 50 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи – заклучно со 31 јули 2024, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987 до 2024, изнесува 674 и тоа 128 лица починале, 546 лица живеат со ХИВ/СИДА, се додава во извештајот.

Најчесто пријавувано акутно заразно заболување во февруари биле овчите сипаници - 661, па ентероколитиси - 207, па пертусис или народски кажано голема кашлица - сто и дваесет.

Три пријави за епидемија на заразна болест пристигнале до Институтот за јавно здравје минатиот месец.

ЦЈЗ – Тетово пријавил епидемија на голема кашлица на 2 јули на својата територија со 39 заболени лица.

На 10 јули, ЦЈЗ – Скопје пријавил епидемија на салмонелоза на територијата на градот. Епидемијата била пријавена со 15 заболени лица, од кои седуммина биле хоспитализирани на КИБФС со Дг: Salmonelosis enteritidis Gr.D. Сите заболени консумирале храна подготвена во ист објект во Скопје. Епидемијата била одјавена на 24 јули.

– На 16 јули, ЦЈЗ/ПЕ – Гостивар пријави епидемија на алиментарна интоксикација. Во епидемијата заболеле девет лица, кои консумирале храна во ист угостителски објект во Гостивар, додаваат од ИЈЗ.

Оваа епидемија била одјавена на 31 јули.

– Во текот на месец јули, регистрирани се седум случаи на ентероколитиси, пет случаи на салмонелози, три случаи на алиментарни интоксикации и по еден случај на овчи сипаници и голема кашлица кај лица од Косово, Швајцарија, Турција, Србија, Швајцарија, Италија, Холандија, Словенија, Германија и Норвешка, кои привремено престојувале во Република Северна Македонија, пишува во делот регистрирани болести кај странски државјани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.