НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Новак Ѓоковиќ: Предводник, маскота, или марионета на српскиот национализам?

0
By Marija Todorovska on August 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДРАГАН МИШЕВ

Некои го сметаат за најдобриот тенисер на сите времиња. За неговите обожаватели од овие простори, тој има статус на божество, тениски Бог, и секој што не мисли така е непријател бр. 1.

Несомнено, Новак како тенисер е величина, но, се додека ги учи децата дека не треба да се вакцинираат, и додека со насмевка се слика со ракијата „Дража“, посветена на четничкиот генерал од Втората светска војна, и задскриен зад фразата „кој пее зло не мисли“ не гледа ништо спорно во пеењето на стихот „српското знаме се вее од Призрен до Румија“ со кој ги провоцира народите на Косово и Црна Гора, Ѓоковиќ е далеку од тоа да биде и човечка величина.

Дотогаш, големиот тениски шампион Новак, останува малиот националист Ѓоковиќ.

Тажно е тоа што го искористи својот статус на божество за да ги заведе широките народни маси и за спроведување на националистички агенди, наместо да биде вистински спортист, комплетна личност која испраќа пораки за љубов, взаемно разбирање, соживот и мир, додека се води од универзални вредности.

Да не зборуваме за лажирањето тестови за КОВИД, чудните Њу Ејџ верувања, турнирот за време на пандемијата , теориите на заговор и титулата Ковидиот на годината . Она што најмногу боде очи, и го подгрева говорот на омраза провоцирајќи меѓунационална нетрпеивост и конфликти, имајќи ја предвид популарноста која ја ужива на овие простори, како и влијанието кое го има, не само врз спортскиот, туку и целокупниот опшествено-политички живот, особено на поисточните простори од Западен балкан – е неговиот национализам, кој е веќе толку очигледен, што повеќе не може да се сокрие зад пријателството со доскорешниот хрватскиот тренер, или со неговиот бошњачки хокус-покус шаман.

Дека е спортист само во техничка смисла на зборот, а не личност која се придржува целосно на спортскиот дух, докажа со мешањето на политиката и спортот. Како шампион, врвен спортист и идол на младите, ќе мораше повеќе да внимава на секој изговорен збор. Треба да знае дека неговиот збор има тежина, дека луѓето се поистоветуваат со него, ги следат неговите пораки…

Кога Новак на камерата во Париз на Роланд Гаро ќе испише „Косово је срце Србије“, како продолжение на „славното“ видео кое го сними по избивањето на големите протести во Белград поради прогласувањето независност на Косово во 2008 година, во кое вели „Ние сме подготвени да го браниме она што со право е наше. Косово е Србија“,  тоа не е обичен изблик на патриотизам, тоа е повик на стотици илјади приврзаници во Србија да ги откопаат воените секири. Новак Ѓоковиќ повторно ја промовира пропагандата на српските националисти и ја злоупотребува спортската платформа за да го стори тоа, кршејќи ги принципите на спортот и Олимписката повелба за „политичка неутралност“.

Или кога при неговата посета на Босна во 2021 година се појавија фотографии од неговата средба со командантот на „Дринските Волци“, единица која учествуваше во геноцидот во Сребреница во 1995 година, каде што повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња беа егзекутирани само заради нивната муслиманска вера.

Фото: скриншот

Подоцна, се споделуваше и видео кое го прикажува Ѓоковиќ како пее на свадба, прегрнат со националистичкиот водач на босанските Срби Милорад Додик, чии сепаратистички тенденции моментално ја предизвикуваат најголемата криза во земјата од крајот на војната 1992-1995 година.

Не е наивно ниту позирањето на тогаш најдобриот светски „рекет“ со српската ракија „Дража“, во луксузна кутија со слика на четничкиот генерал Драгољуб Дража Михаиловиќ, фашистички колаборационист, со натпис „Направено во чест и слава на хероите на Равна Гора“, која Ѓоковиќ со широка насмевка ја прими како подарокму од сопственикот на компанијата што ја произведува споменатата ракија, кој е и еден од симпатизерите на ПОКС (Покрет Обнове Краљевине Србија)…

Напротив, сосема се вклопува во бранот на повампирениот големосрпски шовинизам кој со рехабилитација на четничкото движење сака од колаборационистите на нацистите во втората светска војна сака да направи воени херои преку прекројување на историјата, дисторзично прикажување на историските настани од тој период низ новиот филмски бран во Србија, што може да се види од објавата на Quora од извесен Лукиќ Миле кој вели дека „вистинските четници биле елитни борбени групи, слични на САС во Британија“.

Играњето на картата „кој пее зло не мисли“ имаше своја премиера во 2020 година, кога српската репрезентација го освои АТП купот во 2020 година, Ѓоковиќ, заедно со своите соиграчи, пееја националистички песни, меѓу кои и „Видовдан“ – заедничка мелодија за Косово што беше истакнато за време на војните со распадот на Југославија.

Во негова одбрана со контроверзна изјава излезе неговиот татко Срѓан.

„Новак е националист, се разбира, и јас сум исто така“, изјави тој за српските медиуми.

Или кога на овогодинешната Олимпијада во Париз ја пее национал-хегемонистичката песна „Весели се српски роде“, навредувајќи и провоцирајќи најмалку две држави и народите што живеат во нив. Ги напаѓа Косово и Призрен  и, спомнувајќи ја Румија, ги провоцира и навредува Црногорците и нивниот суверенитет.

 

Татко му на Новак, Срѓан Ѓоковиќ е посебна приказна, крунски доказ дека „јаболкото не паѓа далеку од дрвото“, кој и самиот имаше неколку контроверзни моменти кои влијаеја на кариерата на наговиот син, особено на неговата (не)популарност кај публиката., кога на Австралија Опен се појави видео од таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, сликан на демонстрации со навивачи кои држат руски знамиња изразувајќи ја својата поддршка за Русија.

Фото; Скриншот

Тогаш, на видеото објавено на Јутјуб од познат поддржувач на Путин, таткото на српскиот играч можеше да се види како позира со обожавател пред арената Род Лејвер во Мелбурн со човек кој го носи симболот „Z“ на неговата кошула, додека држи руско знаме со ликот на Путин на него.

„Да живее Русија“, наводно отпоздравил Срѓан Ѓоковиќ, за подоцна Новак, во обид да го оправда да изјави дека неговиот татко рекол само „Живели“ ( Cheers).

За Новак, и татко му Срѓан, лајтмотив во настапите пред публиката и во медиумите редовно е бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, 1999 година, со кое се служи за манипулација со српскиот сентимент, кога вели дека го преживеал на седумгодишна возраст, свесно или несвесно потхранувајќи ги големосрпските наративи. Кога влезе во своето десетто финале на Вимблдон годинава, пред публиката изјави дека „како седумгодишно дете, за време на бомбардирањето на Србија, го гледал Вимблдон, и правејќи картонски пехари си ветил дека еден ден ќе стане шампион на Вимблдон“.

Се чини дека математиката не му е силна страна, а вистинољубивоста, во најмала рака, дискутабилна. Новак , кој е роден 1984 година, седум години имаше во 1994 година, кога беа бомбардирани Сараево, претходно Дубровник и Вуковар, а не Белград. Кога Србија беше бомбардирана во 1999 година, Ѓоковиќ имаше 12 години. А ни таа 1999 година не можеше да го гледа Вимблдон додека паѓаа бомби врз Белград, од едноставна причина што интервенцијата на НАТО траеше од 24 март до 10 јуни, а турнирот во Лондон  таа година започна на 21 јуни.

Шармот и духовитоста на Новак набргу ќе ги снема, отстапувајќи му го теренот на  шовинистот Ѓоковиќ, кој се кара и ја пцуе публиката, судиите, неговиот тим… Сето тоа, во комбинација со изјавите надвор од тенискиот терен создава впечаток дека станува збор за личност со психичка проблем, која е полна со омраза, шовинизам и има потреба да ги навредувате сите околу себе

И потоа ќе се жали дека никој не го сака, без да се запраша зошто публиката на 90% од терените каде што игра го исвиркува и покажува нескриено непријателство. Како тоа играчот кој освоил најмногу титули во овој спорт не е миленик на целиот свет, зошто не го сакаат и не навиваат за него туку за сите негови ривали?

И тука доаѓаме до главниот наратив со кои се храни егото на Ѓоковиќи и останатата национал-шовинистичка братија во Србија и „шира околина“: Го мразат дека е Србин.

Новак е Србија, а Србија е Новак. Кога го газат Новак, тие ја газат Србија и српскиот народ, ќе каже Срѓан Ѓоковиќ.

А како разобличување на ваквите небулозни, целосно неточни констатации и лажни наративи, ќе  го споменеме само името на еден друг српски спортист: Никола Јокиќ.

Времето веќе не е на страната на Ѓоковиќ, барем не она тениското, и се поставува прашањето што ќе се случи со него кога наскоро за него ќе се изгаснат рефлекторите на големите тениски терени.

Дали неговите врвни спортски достигнувања ќе бидат доволни да остане запаметен како Ноле, големиот тениски шампион, или на него првенствено ќе се сеќаваат како подбуцнувач на конфликти, пеењето националистички песни, шовинистичките изјави, лажирањето тестови за КОВИД, чудните Њу Ејџ верувања, турнирот за време на пандемијата , Новакс -теоретичарот на заговор со титулата Ковидиот.

Преземено: Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.