Атина: Јагленисано тело на жена било пронајдено доцна синоќа во деловен објект што изгоре во атинска населба, што воедно е и првата жртва во големиот пожар што од неделата го зафати североисточниот дел на областа Атика, додека утрово ситуацијата со огнената стихија е значително подобрена.
Пожарот остави изгорени куќи, објекти и огромна материјална штета на голема површина што надминува над 10.000 хектари.
Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, доцна синоќа рече дека ситуацијата е подобрена и постојат само помали активни жаришта.