Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците ги усвоија измените на Законот за здравствената заштита со кој се укинуваат економските директори

0
By Marija Todorovska on August 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 13, 2024 16:37

Со 71 глас „за“ и еден „против“ пратениците денеска го донесоа Законот за изменување на Законот за здравствената заштита, со кој се укинуваат економските директори. На денешната седница беше усвоен и Законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, како и Законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата.

Пратеникот Петар Марков од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со Закон за изменување на Законот за здравствената заштита се кратат непродуктивни трошоци и се поставуваат принципи кои ги надминуваат теснопартиските интереси, кои значат подобрување на руинираниот здравствен систем во државата.

Како што посочи, институциите ќе бидат раководени од само еден директор одговорен за работењето на установата, како и за законитоста на работењето.

-Со овој Закон се лоцира одговорноста и се укинува дуализмот во одлучувањето, за да може здравствениот систем да преживее. Мора од некаде да се почне, но и покрај овој Закон, во здравството треба да се спроведат тешки и болни реформи, кои ќе значат подобри услови за третман на пациентите. Со ова се укинуваат 40 раководни позиции кои чинат повеќе од два милиони евра директни и идиректни трошоци. Овие средства можат да се насочат за решавање на потреби на пациентите и здравствените работници, рече Марков.

Тој додаде дека дури и СДСМ увиде оти постои проблем со назначување на двојни директори, па во нивната изборна програма напишаа дека ќе ги укинат економските директори.

-Клучно за нерешавање на овој проблем беше владеењето на ДУИ со СДСМ. Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема простор за преговарање на сметка на придобивките на пациентите. Ова не смеат да бидат единствени измени, потребни се многу повеќе измени во здравствениот сектор. Време е да почне да се гради здравствен систем кој ќе биде ориентиран кон реалните потреби на граѓаните, додаде Марков.

Говорејќи за овој Закон, пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на седницата потенцираше дека целта е да се намалува онаму каде што во најголем број се Албанци, посочувајќи дека бројот на министрите во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен од 16 на 23.

-Доколку не би биле главно Албанци, дали тогаш законот ќе биде сменет? Во новата Влада бројот на министрите е зголемен од 16 на 23. За вашите позиции го зголемивте бројот на министри, а намалувате таму каде што главно се Албанци, рече Даути.

Пратеникот Амар Мециновиќ од Левица во своето излагање потенцираше дека апсолутно даваат поддршка во носењето на овој Закон.

-Апсолутно ќе го поддржиме носењето на овој Закон. Ова е мала интервенција во морето на проблематични околности во здравствениот систем, особено во јавното здравство кое е целосно девалвирано, рече Мециновиќ.

На денешната седница беа усвоени повеќе закони. Пратениците го донесоа Законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, а го донесоа и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.

Исто така, по скратена постапка беа донесени изменувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за дивечот и ловството, како и изменувањата и дополнувањата на Законот за спортот.

Собранието на седницата ја донесе и завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Претниците ги усвоија предлог законите за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата. Бепше разгледано и Автентичното толкување за Законот за игри на среќа, пратениците ги изгласаа, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, по скратена постапка, како и неколку ратификации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.