Токио: 25 тони вода загадена со радиоактивен отпад истекоа од јапонската нуклеарна централа Фукушима-1, соопшти енергетската компанија „Tokyo Electric Power“.
Увидот на зградата на реакторот откри дека околу 25 тони вода истекле во подрумите преку канализацијата. Не е откриено надворешно истекување.
Се наведува дека за подетален преглед ќе се користи робот.
Нуклеарната катастрофа во 2011. година во нуклеарната централа Фукушима-1 беше предизвикана од цунами што ги уништи генераторите за итни случаи кои обезбедуваат енергија за ладење на реакторите.
Плановите предвидуваат нуклеарниот објект целосно да биде деактивиран до 2050 година.