НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска ја отвори дупката во законот – Во повеќе земји градоначалниците може да бидат отповикани преку референдум

0
By Zoran Ivanov on August 14, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Арсовска повеќе од пола година не е појавена во јавност. Во Град Скопје никој не одговара на новинарски повици и прашања, оти заминаа речиси сите соработници од нејзиниот кабинет.

 Соња Танеска

Конфликтот помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и директорите на јавните претпријатија, кои таа ги именувала, а постојано ги разрешува, нефункционалноста на Јавното сообраќајно претпријатие, Комунална хигиена, Паркови и зеленило, хаосот во Скопје, како и постојаниот конфликт со граѓаните, покажува дека треба да постои законска можност еден градоначалник да може да биде законски отповикан од функцијата бидејќи не ги исполнува ветувањата од својата програма.

Арсовска влезе во сериозна кавга и со Советот на Скопје, со градоначалниците во другите општини на Градот, каде исто така е намалена функционалноста поради заедничките надлежности, а проектите веќе подолг период стагнираат, така што тие денеска побраа да и бидат одземени ингеренциите на дел од јавните претпријатија каде би бил поставен владин повереник.

На оваа можност се размислуваше и претходно, кога Арсовска неколку месеци ги држеше скопјани во заложништво и не го реши проблемот со јавниот сообраќај туку го доуништи, сепак ова не го решава конечниот проблем, а тоа е дека градоначалниците се над законот.

Арсовска дојде на градоначалничката функција како кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2021 година. Тогаш, премиерот Христијан Мицкоски велеше дека на Скопје му треба „жена менаџерка“ и дека таа Скопје ќе го направи модерен град.

Десет месеци откако стапи на функција Арсовска се скара со Мицкоски, почна да ги разрешува ВМРО-вските кадри кои беа поставени за директори на јавните претпријатија и постојано од говорницата во Советот на Град Скопје се караше со советниците на ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски го наречуваше „шпицен кандидат“ и велеше дека „ги фатила со рацете во мед“.

Арсовска повеќе од пола година не е појавена во јавност. Во Град Скопје никој не одговара на новинарски повици и прашања, оти заминаа речиси сите соработници од нејзиниот кабинет.

Што вели законот?

За разлика од Законот за локална самоуправа од 1996 година во кој имаше законска одредба со која беше предвидена постапка за отповикување на градоначалници, во Законот за локалната самоуправа од 2002 година таа одредба беше избришана и практично од тогаш до денес граѓаните немаат законска можност за покренување постапка за отповикување на градоначалници или на други избрани функционери во земјата.

Мандатот на градоначалникот може да биде прекинат единствено во случаи кога е фатен во вршење кривично дело или во случај на смрт. Ако прекине мандатот на избраниот градоначалник, вонредни локални избори се распишуваат по шест месеци, а ако рокот до следните редовни избори е помал тогаш вршителот на должноста градоначалник ќе го заврши мандатот до крај.

Оваа состојба им дозволува на градоначалниците, како и на другите директно избрани функционери во државата прилично комотна состојба во својот мандат од четири, односно пет години без конкретна политичка одговорност во случај кога функционерите не го извршуваат ветеното во изборната програма, или во случај кога вршат работи за кои воопшто не добиле мандат. Немањето политичка одговорност на избраните функционери доведува до опасност од „залежување“ на градоначалниците, но и пратениците кои исто така не можат да бидат отповикани без да се грижат многу за граѓаните и нивните потреби.

Како може да се отповика градоначалник во Балканските земји

Во Србија промената на градоначалник може да се случи со граѓанска иницијатива која се доставува до Советот на општината, но законот таму е поинаков бидејќи кандидатот за градоначалник го предлага претседателот на градското собрание, а кандидатот не мора да биде прв на изборната листа. Градоначалникот не се избира директно од граѓаните на избори, туку го избира мнозинството советници во градското собрание со тајно гласање. Мандатот на градоначалникот трае четири години.

Во Хрватска пак која го следи европското законодавство, градоначалник се избриа непосредно на избори, но може да се смени со Иницијатива за референдум која може да ја предложат 20 проценти од избирачите во општината или пак 2/3 од бројот на претставници во општинискиот Совет.

Локалната власт во Бугарија слично како кај нас е така изградена што градоначалникот не може да владее без општинскиот совет да донесе одлуки за прашања поврзани со развојот на општината. Но, активноста на општинскиот совет е поддржана од локалната администрација, која ја назначува и раководи градоначалникот. Оваа меѓузависност бара од нив да соработуваат за да ги извршуваат своите функции. Градоначалникот е избран од населението, но граѓаните преку референдум можат и да го сменат.

И во другите балкански држави како Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија граѓаните ако не директно отповикување имаат право на организирање на референдум на локално ниво, доколку имаат незадоволство од локалната самоуправа.

Европските градоначалници на штрек

На европско тло досега се спроведени неколку постапки за отповикување градоначалници, како примерот со Хана Гронкиевич Валц градоначалничка на Варшава, потоа се одржа локален референдум за отповикување на градоначалникот на Кишењев, а во 2015 година по предлот на тогашниот британски премиер Дејвид Камерон во парламентот се усвои механизмот за отповикување градоначалници во Обединетото Кралство.

Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар – Франкфурт, во 2022 година преку граѓански референдум беше сменет од функцијата, покажаа резултатите од вчерашното гласање. Тој се соочи со обвинувања за корупција и неговиот мандат беше исполнет со гафови.

Неколкуте отповикувачки референдуми што се случија во Европа ја разбрануваа експертската и пошироката јавност, како и меѓународните организации да отворат јавни дебати околу потребата од постоење и активирање на отповикувањето. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.