Дали овие мерки ќе ги донесе власта на ВМРО-ДПМНЕ/ЗНАМ/ВЛЕН? Не, затоа што ова е директно спротивно (на постојната структура) на градежните компании од кои зависат. И од нивните кредитори, секако.
Ивон Величковски
3 мерки за стопирање на умирањето на градовите во Северна Македонија од прекумерно градење и на уништувањето на националните шуми:
1. Мораториум на градење објекти за колективно домување над 3 ката на подрачјето на цело Скопје.
Тоа значи да се одржат парк-шумите “Водно”, “Гази Баба”, но и да се спречи “ѕидањето” на “Расадник” во Кисела Вода, “Лисиче” во Аеродром…. Дополнете го списокот.
Така со планирано решение да формираме хектари на градско зеленило кои ќе ги опкружат формираните “фавели” во Центар, Чаир, Кисела Вода… како еко-појаси и ќе го прочистуваат воздухот, но и ќе ги вратат температурите во градот на подносливо ниво.
Ова го вклучува чистењето на остатоците од еколошката закана “ОХИС”, во чиј простор зелените површини децениски ќе треба да ја санираат штетата од загадената почва.
Комуналиите не се извор на приход за општините. Тие се само средства за поврзување на нови објекти на постојна водоводна, канализациска, електрична… инфраструктура.
Затоа парите што им се потребни, општините мора да ги добијат од даночните и сопствените приходи, а не како милостина од владата.
Значи фискална и суштинска децентрализација на власта. А тоа особено ја плаши оваа Влада.
Овој модел во Скопје е применлив и во другите градови ширум Северна Македонија, особено паралелно со
2. Планирање нови населби (градови, села) кои би гравитирале кон постојните, без да се дел од нив. Урбано-планирани и со сите услуги во нив.
Особено во простори кои се блиску до основна патна и електрична инфраструктура, а не предизвикуваат девастација на земјоделско земјиште или шумско богатство.
Врзани во регионален систем на шински и автобуски линиски превоз на патници.
3. Забрана за градба на пространство на изгорени шуми и експлоатација на остатоците од нив во рок од 50 години.
Овој модел е применет во Шпанија и според статистиките, го има намалено бројот на шумски пожари предизвикани од човечки фактор за над 80% од донесувањето на законската регулатива.
Логично, кога урбаната и дрвната мафија немаат можност со колективна штета да си прибават лична корист, бројот на подметнати пожари опаѓа.
4. Дали овие мерки ќе ги донесе власта на ВМРО-ДПМНЕ/ЗНАМ/ВЛЕН? Не, затоа што ова е директно спротивно (на постојната структура) на градежните компании од кои зависат. И од нивните кредитори, секако.
Затоа бараат парцијални решенија што само партиите замислуваат дека се доволни за луѓето, а всушност низ нив само пробуваат да ја зацврстат својата локална власт.
Во однос на Скопје, резултатот е Данела Арсовска: вмровска “надеж” со старосдсм-овски “шмек” по линија Мицкоски-Димитријевски и мулти-култи “фасада” а-ла Таравари со погубен ефект по градот.
Нашата понуда е да ги застапуваме овие 3 решенија и на нив да градиме партнерство. Граѓанско пред се, за политичкото да има смисла.
Од Фејзбук ѕидот на авторот