НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот центар за превенција и контрола на болести го подигна нивото на закана од мајмунски сипаници

0
By Marija Todorovska on August 16, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел: Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) денеска го подигна нивото на закана од вирусот мпокс, познат како мајмунски сипаници, и ги повика државите да одржуваат високо ниво на внимателност за пристигнувања од области погодени од оваа болест.

Центарот соопшти дека сега ризикот од мпокс за населението и патниците како „умерен“, од „низок“, како што беше до неодамна. Тој додаде дека веројатноста за одржливо пренесување на инфекцијата во Европа останува многу мала, бидејќи случаите кои пристигнуваат од погодените области брзо се дијагностицираат и се спроведуваат мерки за ограничување на ширењето на болеста.

Епидемијата во Демократска Република Конго, предизвикана од видот на вирусот познат како Тип I, почна ендемично да се шири. Но, новата варијанта, тип Ib, се чини дека почна полесно да се шири преку близок контакт, вклучително и сексуален контакт.

„Поради блиските врски меѓу Европа и Африка, треба да бидеме подготвени за повеќе случаи на пристигнувања заразени со тип I“, рече директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Памела Ренди Вагнер.

Претходно оваа недела, Светската здравствена организација го прогласи жариштето на заразата во Африка за вонредна состојба за јавното здравје, откако типот Ib почна да се шири во земјите соседни на ДР Конго. Вчера случај на заразен е регистриран во Шведска.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести препорача здравствените власти во поединечни земји да планираат и да се подготват за брза дијагноза на случаи од тип I кои можат да стигнат до Европа. Центарот предвидува дека влијанието на оваа варијанта на вирусот ќе биде ниско во Европа доколку се спроведат соодветни мерки за надзор и контрола.

Мајмунските сипаници се заразна болест која предизвикува симптоми слични на грип и плускавци на кожата. Болеста е обично блага, но во ретки случаи може да доведе до смрт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.