НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Толку беше од новата власт – граѓаните им ги прочитаа лагите

0
By Marija Todorovska on August 19, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интервју: Венко Филипче, Претседател на СДСМ за неделникот Фокус

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не сменила ништо од она што како реформски обврски е договорено со ЕУ во Планот за раст.

Владата на СДСМ донесе над 20 закони и законски измени во правосудството

Кредитот од Унгарија е всушност бизнис план на Мицкоски кој со сигурност ќе оди на штета на граѓаните.

Една од фактурите за кредитот од Унгарија е најавата дека телекомуникациска компанија блиска до премиерот на Унгарија се инсталира во земјава.

Причините зошто разочарувањето од новата Влада е и толерирањето на беззаконието кое од првиот ден го спроведува ВЛЕН.

ЗНАМ поддржува Влада со целосно антисоцијадемократски вредности

Владата на СДСМ беше сериозна во реформите во правосудството. Имаше Стратегија за реформи во правосудството, а беа донесени и над 20 закони или законски измени во оваа сфера, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“. Според него, реформата на правосудството не е само неопходна за државата и за граѓаните, туку е и обврска од агендата за пристапување во ЕУ.

Во интервјуто, Филипче наведува и други чекори што се однесуваат на реформската агенда за правосудството, а кои ги спровела Владата на СДСМ.

Владата на СДСМ беше таа која побара Брисел да испрати оценска мисија за Судскиот совет и согласно препораките на европските експерти почна да се работи и на измените на законот за Судски совет. Успешно се спроведе скринингот за Поглавјата 23 и 24 и беше подготвен  и прифатен од Брисел и Патоказот за владеење на правото како една од клучните обврски за преговорите со ЕУ. Сите овие резултати не се занемарување и покажува дека СДСМ сепак имал искрена намера во однос на процесите во правосудството“, вели Филипче.

Актуелната Влада не сменила ништо од она што како реформски обврски е договорено со ЕУ во Планот за раст

„На никој не му е јасно зошто е потребно ВМРО-ДПМНЕ да ги лажат граѓаните и да се создава конфузија. Инаку, на темата распуштање на советите уште кога беше на власт СДСМ, имаше јасна порака од меѓународната заедница дека таквиот чекор е неприфатлив и дека постои огромен ризик од политичко влијание“, појаснува Филипче.

Што се однесува до барањето на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, Филипче вели:  „ Ние јасно го кажавме нашиот став, а тоа е дека каква било реформа во правосудството мора да биде мониторирана и одобрена од меѓународната заедница. Апсолутно не веруваме, а на тоа нè учи историјата, дека ВМРО-ДПМНЕ има искрени намери да го реформира судството, напротив, сакаат да го скројат согласно своите потреби“, смета Филипче.

 

Историјата нè учи дека ВМРО-ДПМНЕ не сака реформа, туку ставање на правосудството под своја контрола

Во најавите на владата на премиерот Христијан Мицкоски за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, не гледам искрена намера за реформа туку за кроење на судството по потребите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е една од темите на која зборува претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за неделникот Фокус.

„Ставот на СДСМ е дека каква било реформа во правосудството мора да биде мониторирана и одобрена од меѓународната заедница. Апсолутно не веруваме, а на тоа нè учи историјата, дека ВМРО-ДПМНЕ има искрени намери да го реформира судството, напротив, сакаат да го скројат согласно своите потреби“, вели Филипче во интервјуто.

Неискрениот однос на ВМРО-ДПМНЕ го препознаваат и граѓаните, смета Филипче и додава дека пред јавноста се зборува едно, а зад врати се прави друго. Доказ за тоа е разногласието околу темата за распуштање на советите, смета Филипче.

„Само што стигна информација дека Владата писмено се согласила да не ги распушта Советите на обвинители и судии како дел од реформската агенда, веднаш потоа ВМРО-ДПМНЕ излезе на прес конференција и рече дека не се откажуваат од таа намера“, појаснува Филипче.

Голем дел од реформската агенда која ја определува ЕУ е веќе воспоставена од Владата на СДСМ и според Филипче, таа не е променета и сега. Затоа, Филипче не разбира зошто владејачката партија има потреба да ги лаже граѓаните.

„На никој не му е јасно зошто е потребно да се лажат граѓаните и да се создава конфузија. Инаку, за темата распуштање на советите уште кога беше на власт СДСМ, имаше јасна порака од меѓународната заедница дека таквиот чекор е неприфатлив и дека постои огромен ризик од политичко влијание“, вели Филипче.

Најавите за дестабилизација на државата иницирана од ДУИ, катастрофалната реформска и економска политика демонстрирана на самиот почеток на работата на новата Влада, состојбата во СДСМ, нејзиното консолидирање и повторно парирање на ВМРО-ДПМНЕ, како и анализа на многу актуелни политички случувања и прашања поврзани со евроинтеграцискиот процес се дел и од другите теми во интервјуто за неделникот „Фокус“ со претседателот на СДСМ, Филипче.

Допрва ќе стигаат фактурите за наводниот поволен кредит од Унгарија

Фактурата за договори во четири очи стигнува веднаш. Една од фактурите за кредитот од Унгарија, што го договара владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, е најавата дека телекомуникациска компанија блиска до премиерот на Унгарија, Виктор Орбан влегува во Македонија. Таа се најавува како некаква голема инвестиција која реално ништо нема да донесе за граѓаните и економијата.

„Но, Владата не одговара, како унгарскиот мобилен оператор „4iG“ ќе влезе во земјава кога има стратешко партнерство со кинеска компанија и тоа е спротивно на домашните закони со кои се обврзуваме да користиме телекомуникациски системи од доверливи добавувачи. Ова е уште еден од серијата чекори кои упатуваат на заклучок дека државата сериозно застранува од стратешкиот правец“, смета Филипче.

Допрва ќе видиме кои се следните фактури кои ќе стигнат и какви бизнис интереси се кријат зад целата работа, вели Филипче. Според него, кредитот од Унгарија е всушност бизнис план на Мицкоски кој со сигурност ќе оди на штета на граѓаните.

Три поколенија ќе ги враќаат позајмувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зад кои се кријат очигледни матни намери

Покрај матните намери, Филипче во интервјуто наведува дека кредитот од Унгарија е и извор на корупција, особено поради тоа што за него нема да има контрола како се трошат парите, процедура врз која подлежат земјите кога се задолжуваат кај финансиски институции, појаснува Филипче.

„Ставање на државата во економско и политичко заложништво на друга земја е многу погрешен чекор. Мицкоски обвинуваше за наводно подаништво на СДСМ кон ЕУ, а сега тој лично е најголемиот поданик на Унгарија, земја со отворено происточни тенденции и нејасна улога во рамките на Европската Унија. При состојба на ваков долг кон Унгарија, несомнено е дека и политичките одлуки и целосната стратешка ориентација на земјата ќе бидат под силно унгарско влијание“, вели Филипче.

Немањето контрола над трошењето на парите е во интерес на владата на ВМРО-ДПМНЕ и фирми блиски до партијата.

„Ова значи дека овие пари ќе се потрошат неконтролирано што апсолутно значи дека ќе има многу корупција. Според нашите информации, ВМРО-ДПМНЕ и за делот кој се однесува на проекти од општините веќе преговара со компании кои ќе ги работат проектите, при што ќе бидеме сведоци на офајдување на бизниси блиски до ВМРО-ДПМНЕ“, вели Филипче.

Покрај за кредитот од Унгарија, претседателот на СДСМ во интервјуто за неделникот „Фокус“ зборува за актуелните случувања во земјата поврзани со двомесечното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче ги анализира најавите на премиерот Мицкоски за наводна дестабилизација на државата иницирана од ДУИ, кадровската политика на владејачкото мнозинство како и првите големи државни и реформски пропусти на Владата што, според претседателот на СДСМ, довеле до брзо намалување на поддршката од граѓаните од изборите до сега. Понатаму, во интервјуто Филипче зборува и за активностите во СДСМ и нејзиното консолидирање и делување во пресрет на локални избори 2025.

Со парите од Унгарија се спрема огромна корупција

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека со кредитот од 500 милиони евра од Унгарија се се подготвува огромна корупција од страна на Владата на Мицкоски. Тој вели дека единствената причина зошто во четири очи е дгоговорен овој кредит е заради тоа што трошењето на парите нема да биде контролирано од ниедна меѓународна институција, како што е тоа случај со кредитите од ЕБОР или останатите меѓународни финансиски институции.

„Единствената причина зошто ВМРО-ДПМНЕ реши да земе ваков кредит е затоа што за истиот нема контрола како се троши. Инаку има поволни кредити за стопанството преку европски финансиски инструменти, дел веќе ги користат нашите компании.

Ова значи дека овие пари ќе се потрошат неконтролирано што апсолутно значи дека ќе има многу корупција. Според нашите информации, ВМРО-ДПМНЕ и за делот кој се однесува на проекти од општините веќе преговара со компании кои ќе ги работат проектите, при што ќе бидеме сведоци на офајдување на бизниси блиски до ВМРО-ДПМНЕ“ – вели Филипче.

Филипче смета дека ќе се договори кредит во четри очи, веќе следниот ден стига и фактурата за услугата.

„Веднаш по кредитот стигна и најавата дека телекомуникациска компанија блиска до Орбан влегува во државата. Таа се најавува како некаква голема инвестиција која реално ништо нема да донесе за граѓаните и економијата. Ова е првата фактура, а допрва ќе видиме уште колку вакви ќе стигнат“ – вели Филипче.

Филипче смета дека овој кредит е бизнис план на Мицкоски на штета на граѓанит.

„Кредитот од Унгарија е всушност бизнис план на Мицкоски кој со сигурност ќе оди на штета на граѓаните. Три поколенија ќе ги враќаат позајмувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зад кои се кријат очигледни матни намери“ – заклучува претседателот на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ е слепа за беззаконието на албанскиот партнер во Владата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека една од причините зошто разочарувањето од новата Влада е толерирањето на беззаконието кое од првиот ден го спроведува ВЛЕН во Владата.

„Тие ги погазија основните вредности и принципи со кои ги придобија гласачите. Го напаѓаа СДСМ дека се однесува поданички кон ДУИ, но тие и покрај огромното мнозинство се во ситуација да замижуваат пред незаконските дејствија од албанскиот коалициски партнер. Да не ги споменувам и скандалозните назначувања кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги одобруваат“-изјави Филипче во интервју за неделникот „Фокус“.

ЗНАМ поддржува Влада со целосно антисоцијадемократски вредности

Ниту искусни политиколози не може да ја издиференцираат идеолошката матрица на ЗНАМ, вели во интервју за „Фокус“ претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Ако се анализира она малку што постои како програмски принципи и она што го прокламираа на избори, кај нив може да се забележи само желба за власт. До сега не видовме политики и програмски определби кои ќе ги имплементира ЗНАМ во Владата, тие се таму очигледно само од лукративни причини. ЗНАМ воопшто и не може да биде социјалдемократска партија, бидејќи во моментов е дел од Влада која води целосно антисоцијалдемократски политики“- вели Филипче за Фокус.

Потребата да се одржи стабилноста на државата и на Владата го доведе СДСМ во позиција да отстапи премногу на коалицискиот партнер од албанскиот блок, ДУИ. Но, лекција од тоа добро ја научивме. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“. Според Филипче, иако целта на ваквите потези секогаш била заштита на интересот на граѓаните, сепак процесите не биле поволни за СДСМ.

„СДСМ не беше во поволна позиција во коалицијата со ДУИ со оглед на изборниот резултат и распределбата на гласовите. Во такви услови практично беше потребно постојано одржување на стабилноста на Владата. Тука можеби се отстапи премногу простор како во ресорите така и во јавниот комуникациски простор. Ова е лекција која добро ја научивме. Во иднина и по цена да не се формира Влада нема да дозволиме да бидеме во подредена позиција“, вели Филипче во интервјуто.

Сепак, тој потенцира дека ништо поразлична не е позицијата на ВМРО-ДПМНЕ и нивното замижување пред реформските и кадровски предлози од нивниот коалиционен партнер од албанскиот блок.

„Сега го гледаме ВМРО-ДПМНЕ кое има речиси самостојно мнозинство како замижува пред кршењето на законите на албанските партнери, пред назначување на некомпетентни кадри и пред очигледната неспособност да се води Владата“, вели Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервјуто за најбновиот број на неделникот Фокус.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.