Сански Мост: Tри лица загинаа во пукање во средно училиште во градот Сански Мост во Босна и Херцеговина откако вработен во гимназијата пукал во директорот, секретарката и професорка.
Според локални медиуми, човекот влегол со автоматска пушка во училишните простории и отворил оган и притоа ги убил – директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ. Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост, полицијата е на местото на злосторството.
Злосторството се случило во зграда што ја делат гимназијата.
Според локалните медиум, извршителот на злосторството кој бил домар во училиштето, си пукал во главата и е пренесен во тешка состојба болницата во градската болница.
Пред извесно време против него била поднесена дисциплинска мерка и имал несогласувања со раководството на гимнзијата.