Нови Сад: Во пожар во семејна куќа загинаа шест луѓе, меѓу кои четири деца.
Во пожарот што избувна утринава, околу три часот, во куќата на улицата „Ѓорѓа Дера“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години, изјави српскиот министер за внатрешни работи.
Сите жртви се од едно семејство. Децата биле на возраст од седум, пет, четири и две години.
Според првичните информации, пожарот најверојатно го предизвикал скутер што бил приклучен на електричната мрежа.