НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

6-ти Балкански поетски камп за млади 2024 „Ванчо Николески“ – Поезијата ги спои Пиринот, Егејпот, Вардарот и Мала Преспа

0
By Zoran Ivanov on August 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централниот прекуграничен настан е организиран во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, познат литературен деец од Албанија, со македонско етничко потекло.

Веле Митаноски

Во Охрид, Белчишта и Црвена Вода  викендот се одржа шестиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“.

Тука се зборува, се рецитира и се читаат песни на македонски јазик, а потоа во Пустец каде што за среќа ги имаме првите луѓе во Бугарија, Грција и Албанија кои што се македонисти и работаат за македонското дело, рече Веле Митаноски организатор на Балканскиот поетски камп, на свеченото отворање во училиштето Ванчо Николески, крај Охрид.

Учесници се млади поети од Македонија, Бугарија, Грција, Албанија. Тие учествуваа во заедничката приредбата заедно со другарчињата од Подрачното одделение во Косел кои ја изведоа поемата МИЦЕ од Николески.

Со видео порака од далечна Австралија до учесниците, во својство на претседател, се обрати и им посакам успешна манифестација, Наум Трајчески, каде името на нашиот Ванчо го овековечија и таму, со тоа што го именувавме нивното МЛД “Ванчо Николески”.

Потоа, тие заедно положија цвеќе на вечното почивалиште на Николески во Охрид. Бо текот на денешниот ден, учесниците во Белчишта беа примени од градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески. А ја разгледаа и богатата Галерија од Уметничката колонија “Дебрца“.

Во селото Црвена Вода ја посетија родната куќа на Ванчо Николески и Спомен собата во учичишната зграда.

Кампот од Охрид и родното место на Николески, Црвена Вода потоа се пресели во Мала Преспа- Албанија кадешто живеат етнички Македонци. Учесниците беа  гости на своите врсници, ученици во училиштето во Пустец.

Централниот прекуграничен настан се организира во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, познат литературен деец од Албанија, со македонско етничко потекло.

Во рамки на настанот младите поети го посетија спомен обележјето на холандскиот писател А. Ден Долард, а поетските работилници водеше поетот проф.д-р Христо Петрески.

Специјални гости на Кампот со првите луге и активисти од организациите кои се борат за правата на Македонците во соседните земји.

Павлос Васкопулос Филипов, од Лерин, Грција, вели декла расте интересот за изучување македонски јазик во Грција. Иако грчката држава се уште официјално не дозволува школи на македонски јазик, заврши судскиот процес, и не се укина првиот Центар за македонски јазик во Лерин.

Македнците не потклекнуваат на притисоците, тие сакаат да го негуваат македонскиот јазик, култура и традиција, порачаа присутните на Шестиот Балкански поетски камп „Ванчо Николески“ во Охрид.

Тоа е електронска школа, интернет платформа за да можат било кој сака да учи македонски јазик. Некои што се свесни Македонци, свесни семејства се интересираат и ќе го прават тоа што им налага достоинството и милост за роднините и нашите традиции. Многу млади учествуваат во културните манифестации и панаѓури во селата, играат и слушаат македонски песни, но треба и чекор напред, вели Павле Васкополус член на претседателството на „Виножито“.

Притисоците врз Македонците во соседните земји не запираат, се чувствуваат и во Бугарија и во Албанија.

Ние сме континуирано под притисок најмногу псоледните години од 2017 година, од кога се произнесе бугарско малцинство кое не постои и од тогаш тој притисок е поинтензивен најмногу во овие псоледниве 2 -3 години. Па лани за време на пописот се чувствува и очекуваме уште поинтензивен да биде затоа што сега Бугарија ја легитимира својата политика, успеа на пописот да извади Бугари и да настапи уште пожестоко да ги асимилира Македонците во Албанија, вели Васил Стерјоски претседател на македонската партија во Албанија.

Тоа се политички игри, јас лично избегнувам да зборувам затоа што има притисоци, не бркаат од работа, и внимаваме. Но мислам со моето присуство денес овде докажувам дека сум Македонец“, вели Јордан Белчев од претседателството на партијата ОМУ Илинден Пирин.

Поезијата на Балканскиот поетски камп во Охрид денес симболично ги спои Егејот, Пиринот, Вардарот и Мала Преспа.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.