Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напуштање на контејнерот на нацијата

0
By Zoran Ivanov on August 23, 2024 ИЗБОР
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 23, 2024 10:42

Во сета драма која полека преминува во мелодрама, има само една поволност и јас би рекол- голема шанса: Сега е момент за рдикален редизајн не на Македонија, туку на саморазбирањето на Македонците.

Бранко Тричковски

Вака, драги мои патриоти и патриотки: Епохалниот тренд кон индивидуалистички форми ја открива сета своја револуционерна и имунолошка смисла.

Знам дека не ви е верно, но во напредните општества, денеска, можеби прв пат во историјата на хоминидните и хуманите животни форми, индивидуите се тие кои како носители на имуносвојствата се одделуваат од своите општествени тела (кои до тогаш ја имаа заштитната функција) и кои сакаат својата среќа и несреќа да ги откачат од постоењето во форма на политичката комуна, односно контејнер заедницата каква што е нацијата.

Македонија, како и во се, драматично заостанува: тука луѓето обожаваат да бидат кокошки и по некое петле во комошарникот на вмро, малку им смрди, ама топло им е, а надвор е комитата кој им го чува идентитетот од лисиците.

И одвреме навреме ги коле за да има што да јаде.

Во транзицијата Македонците самите на себе си станаа оние кои и припаѓаат на надворешноста. Така ја опљачкаа и уништија државата, институциите, образованието, правото, моралот итн. како нешто свое, но сепак надворешно.

Сега се обидуваат да се вратат кон себе, но не можат да бидат сигурни дека некого ќе затекнат дома кога ќе влезат кај себе.

Поточно, сигурно е дека нема да најдат никого. Тоа е драмата на Македонецот: потрагата не по нешто што е загубено, туку по нешто што повеќе го нема.

Тие самите го изеле сето сирење од кацата!

Македонија после транзицијата- тоа се главно луѓе кои останале во сопствената кожа и се жртви на локационата маана викана Ние.

Испумпани од секаква супстанца.

Пченка претворена во пуканки.

Тоа се Македонците денеска.

Во сета драма која полека преминува во мелодрама, има само една поволност и јас би рекол- голема шанса: Сега е момент за рдикален редизајн не на Македонија, туку на саморазбирањето на Македонците.

И на нивното разбирање на Македонија и на светот.

Излегување од контејнерот на нацијата и реконструкција на заедница на слободни индувидуи од слободните индивидуи.

Поединецот да ја форматира заедницата, а не таа него особено не со помош на славните јунаци кои стануваат од гробивите. Не замочуваат нас и ја замочуваат земјата па пак се враќаат во гробовите.

Ние тука и сега сме се што имаме.

Говњарите кои го влечат мрсулот на таканаречената историја треба да ги ослободиме од маките да не бранат затоа што во таа форма ние сме мртви.

Ова е безмалку невозможен подвиг, но мораме да се фатиме за тоа малкуто и да тргнеме напред.

На пазарите никој не е кај себе.

Никој нека не се обидув да биде дома таму кај што парите, стоката и фикциите,го менуваат сопственикот.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.