НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВЛЕН од четири партии да се консолидира во една, барал и Мицкоски?

0
By Zoran Ivanov on August 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Фронтлајн“ од партиски извори во политичкиот табор на парламентарното мнозинство дознава дека барањето на Мицкоски за ВЛЕН да стане еден политички субјект е поврзано за подобро функционирање на владината коалиција и Премиерот да разговара со еден лидер на партија – а не со четворицата кои имаат различни барања.

Дестан Јонузи

Премиерот и лидер на ВМРО ДППНЕ, Христијан Мицкоски, инсистирал владиниот партнер – коалицијата ВЛЕН (Вреди) да се трансформира во еден политички субјект, од четири партии што се во оваа коалиција (Алијанса за Албанците – крилото на Арбен Таравари, Демократското Движење на Изет Меџити, Движење БЕСА на Билал Касами и Алтернатива).

„Фронтлајн“ од партиски извори во политичкиот табор на парламентарното мнозинство дознава дека барањето на Мицкоски за ВЛЕН да стане еден политички субјект е поврзано за подобро функционирање на владината коалиција и Премиерот да разговара со еден лидер на партија – а не со четворицата кои имаат различни барања.

Во коалицијата ВЛЕН веќе е отворено прашањето за спојување на коалицијата ВЛЕН во една политичка партија, но се уште нема конкретна одлука за ова прашање.

За ова прашање разговаравме отворено во рамките на коалицијата ВЛЕН, пред и по изборите. Тоа е отворена тема. Мнозинството членови на сите партии се со став дека сите коалициски партии треба да се соберат во еден субјект, но конкретна одлука нема, велат за „Фронтлајн“ високи партиски извори од коалицијата ВЛЕН.

Партиски извори од оваа коалиција информираат и дека претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, сепак, е еден од оние кои не сакаат да го забрзаат формирањето на нов политички субјект. Според истите извори, тој бара посериозно да се позанимава со ова прашање по локалните избори следната година.

Касами ги кажал овие забелешки или несогласувања, според истите извори и на средбата меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН што се одржа на почетокот на август – која завршила со формирање на работно тело со девет членови од четири политички партии.

Начелно, експонентите на Демократското движење и на Алтернатива се согласија со идејата за формирање една политичка партија, вели нашиот извор.

Според проекциите, доколку се реализира оваа идеја, тогаш – се очекува лидер да биде Арбен Таравари, Изет Меџити прв потпретседател, а Билал Касами и Зеќирија Ибрахими од Алтернатива би ги извршувале должностите потпретседател и организациски секретар. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.