Лидерот на Хамас и организатор на нападите на 7-ми октомври, Јахја Синвар, кој претходно изјави дека ќе му биде чест да умре борејќи се со Израел, сега го поставил сопственото преживување како услов за каков било прекин на огнот во Газа, според новите извештаи.
Синвар наводно истакнал дека неговата безбедност мора да биде загарантирана и дека Израел не смее да се обидува да го убие, изјави за Ynet висок египетски функционер, пишува Њујорк пост.
Синвар инсистира на гаранција дека неговата безбедност и заштита се обезбедени, рече претставникот.
Јахја Синвар, кој дојде на чело на Хамас по атентатот на поранешниот лидер Исмаил Ханија минатиот месец, наводно рекол дека договорот за прекин на огнот би бил можен доколку Израел ги прифати неговите барања.